Виолетовата носи богатство, жолтата среќа: Што претставува бојата во која ги бојадисувате јајцата?

Сигурно се сеќавате како уште од мали нозе седевте во кујната со вашата мајка и ги бојадисувавте јајцата. Оваа традиција е многу стара и секојдневно е присутна во секое домаќинство ширум светот кое го слави Велигден. Но, знаете ли кое значење најчесто се крие зад одредените бои во кои ги бојадисувате јајцата?

1. Црвена боја

Оваа боја се поврзува со крвта на Исус Христос. Затоа оваа боја е симбол на љубовта и жртвата за доброто на сите луѓе.

2. Виолетова боја

Виолетовата боја го претставува кралството и затоа се смета дека носи богатство.

ADVERTISEMENT

3. Зелена боја

Зелената боја со себе носи одредена надеж, па симболизира повторно раѓање и обнова.

4. Жолта боја

Жолтата боја се поврзува со светлоста на сонцето. Таа носи среќа и радост.

5. Портокалова боја

Портокаловата боја симболизира надеж и се поврзува со почетокот на нов ден и нова годишна доба.

6. Розова боја

Во текот на Велигден, розовата боја симболизира нов, свеж почеток.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed