Хороскоп

Што (не) треба да правите утре на големиот празник – во спротивно, ќе ве „изедат“ сомнежи цела година!

Апостолот ги заштитува денес сите кои се измачени од сомнежи, но заштитник е и ба оние кои ги предводат градбите и конструкциите. 

Advertisement

Утре, 19 октомври, го прославуваме споменот на Св. апостол Тома, еден од дванаесетте големи апостоли. Според Евангелието, преку неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос, дојде до нова потврда за чудото на спасението. Имено, воскреснатиот Христос повторно им се јавил на учениците за да го увери Тома. Исус му рекол на Тома: „Дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, туку верувај.“ (Јн. 20:27-28)

По спуштањето на Светиот Дух, кога апостолите се договарале кој каде ќе оди да проповеда, на Тома му припаднало да го шири Евангелието во Индија. Тој првично се сожалил што треба да оди во толку далечна земја, но Господ му се јавил и го охрабрил.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Во Индија, Свети Тома обратил многу луѓе, богати и сиромашни, во верата Христова и таму ја основал Црквата, поставувајќи свештеници и епископи. Меѓу другите, обратил и две сестри, Тертијана и Мигдонија – жени на двајца индиски кнезови. Поради верата, тие две биле мачени од своите сопрузи кои не сакале да живеат според христијанските крштевања и се развеле. Ослободени од брачниот живот, тие живееле побожно до својата смрт.

Кнезот Муздиј, сопругот на Тертијана,  го осудил апостолот на смрт и испратил пет војници кои го прободеле со пет копја. Така, Свети апостол Тома ја предал својата душа во рацете на Христос. Пред својата смрт, како и останатите апостоли, бил чудесно пренесен во Ерусалим, на гробот на Пресвета Богородица. Кога дошол подоцна, со голема жалост видел дека телото ѝ го нема, Господ ја земал Својата Мајка во Своите небесни насели.

принтскрин јутјуб

Така, Св. Тома со своето неверување ја утврдил верата во воскресението на Господа, а преку својот, малку задоцнет одговор ни го открил прославувањето на Божјата Мајка.

Advertisement

На кого е штитеник?

принтскрин јутјуб

Апостолот ги заштитува денес сите кои се измачени од сомнежи, но заштитник е и ба оние кои ги предводат градбите и конструкциите.

Што треба да направите утре за благодат

Се препорачува да се прочита молитва кон Св. Тома за засилување на верата и премостување на сомнежите.

Треба да се избегнуваат гласни забави или прејаддувања, поради духовниот карактер на денот, добро е да се одбере ден минат во мирување и размислување.

принтскрин јутјуб

Што не треба да правите утре

Не се препорачува да се започнуваат нови проекти токму на денот на празникот.

Не се препорачуваат ниту патувања. Дури постои и изрека – на свети Тома се седи дома!

Подобро е своето внимание да го насочиме кон молитвата, благодарноста и тивкото присуство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button