Што не смеете да правите доколку се разбудите во текот на ноќта?
Ако ова ви се случува често, тогаш погледнете ги овие неколку совети.
Ако ова ви се случува често, тогаш погледнете ги овие неколку совети.
Прво, не одете до тоалетот, освен ако навистина немате потреба за тоа. Затоа што откако ќе станете, срцето ќе почне да ви чука појако, телото ќе ви се разбуди и ќе имате потешкотии со заспивањето.
Исто така важно е да го „исчистете“ вашиот мозок. Не гледајте колку е часот, не проверувајте кој ви пратил порака додека сте спиеле и слично.
Дали некогаш ви се случило да ве газат сенки навечер?
Уште нешто што е особено важно, е тоа што не треба да пресметувате уште колку часа имате за спиење. Лекарите предупредуваат дека најголема грешка која ја прават многумина е стравот од тоа дека нема доволно да се наспијат, дека имаат уште малку за спиење и слично. Треба ли да потенцираме дека ова е забрането?
Затоа, престанете да се оптеретувате со непотребни мисли, да паничите или да се изложувате на стрес. Едноставно обидете се да се опуштите и природно да заспиете.