Наши ѕвезди

Што му се случува на Спасен?! Не личи на себеси, ги запрепасти сите со ова чудно издание (фото)

Пејачот ги изненади сите кога на социјалните мрежи сподели фотографија на која не личи на себе...

Advertisement

Познатиот пејач сподели фотографија со која ги збуни сите

Спасен Сиљаноски важи за еден од најпознатите и омилените фолк-пејачи од помладата генерација во Македонија.

Advertisement

Но тој исто така им е омилен и на претставничките на понежниот пол, па така важи и за една од најпосакуваните личности од нашата естрада, иако популарниот пејач е oженет и ужива во брачниот живот.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Пејачот е популарен и на социјалните мрежи, каде често привлекува внимание и со своите објави, а неодамна ги „шокираше“ сите.

Имено, Спасен на својот профил на Фејсбук сподели фотографија со која што предизвика бројни реакции.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

На фотографијата има долга коса и изгледа значително поразлично, па сите ги изненади, иако е во прашање фотомонтажа.

Фотографијата веднаш стана вирална, а коментарите не престанаа да се нижат и неколку дена по неговата објава.

„Лорд Ван Хелсинг, од Пополжани“, напиша Спасен во шега под фотографијата што ја сподели на својот Фејсбук.

„Само комита титула за тебе“, „Чувај си го детето во тебе, нема подобро од тоа“, „Од прва на Боб Марли ми заличи“, „Колку повеќе ги нервираш, толку повеќе те сакаат“, се само некои од бројните коментари.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Пејачот ужива на селскиот имот

Спасен денес со семејството живее во Скопје, но секој слободен момент го користи за да избега од градската бучава.

И тоа секако е неговото родно Пополжани, каде живеат неговите родители, а каде пејачот си ги полни батериите.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој ова место го користи кога сака да избега во природа, а неодамна откри и каква куќичка си има направено.

Опкружена со зеленило, Спасен ова парче од рајот си го средува по свој вкус, а многумина му завидуваат на царството што го има далеку од градската бучава, во прекрасно природно опкружување.

Како изгледа ова место, откријте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button