Реклама
LIFESTYLEВести

Што можете, а што не треба да правите на Бадник, 6 јануари – ако не сакате скандали да ве следат цела година, не правете го ова

Реклама

Секоја година на 6 јануари православните верници го слават Бадник – предвечерието на Рождеството Христово и последниот, најстрог ден од Божиќниот пост. Во 2025 година се паѓа во понеделник.

Добро е на овој ден да царува спокојство, како што зборувале нашите прапрабаби. Тие се обидувале да одржат посебен мир и тишина во домовите, но и чистота, зашто според старите верувања тоа ќе обезбеди просперитет за целата година. Ритуалните јадења, особено сочиво/леќа (или житна каша со мед или со шеќер), биле симбол на единство и мир во семејството.

Старите ги учеле младите да молчат пред големата радост за да го дочекаат Божиќ со бистар ум и добри мисли. Бадник отсекогаш е ден кога треба да ја зацвртиме добрината во срцата. Порано, Бадник се одржувал во родителската куќа, а денес секој го прославува во својот дом. Важно е да се сите дома. Денот треба да се помине во посветла облека, според народните верувања.

Маркетинг

Народни верувања

На овој ден не треба да ја чистите куќата или да работите напорна работа, инаку кавги и скандали ќе ја придружуваат цела година.

Вечерта не треба да се помине сам, се верува дека во овој случај човек ќе мора да талка низ светот цела година и ќе биде ужасно осамен.

Маркетинг

Не треба да дозволите да бидете навредени од никого, но не смеете ни вие да навредите никого, да правите скандал и да имате нељубезни планови – сето ова ќе се претвори во неволја која ќе ве следи цела година.

Ако одбиете сиромав човек на Бадник- цела година ќе ве следат скандали.

Не треба да започнувате поголеми проекти или напорна работа што го одвлекува вниманието од подготовката за важен празник, во спротивно ќе ве следи немаштија.

Што значи времето на Бадник?

Ведрото време на 6 јануари, според народните верувања, значи добра жетва односно плодна година. Маглата на Бадник значи година со многу препреки, тешка година.

Ако на небото има многу ѕвезди значи дека летото ќе биде многу топло, додека топлото време на Бадник значи студена пролет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button