Реклама
MAMAКафе муабет

Прочитајте што може да направат за вас 10 дена на море

Реклама

Повеќето летниот одмор го поврзуваме со морските пејсажи. Главното прашање веќе е каде ќе отидете, во која земја… Морскиот воздух и водата се навистина добри, како за телото, така и за душата. Но, кои доблести поточно ги носи летувањето на море?

Морската вода содржи важни елементи

Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот живот: натриум, магнезиум, калциум, калиум, сицилиум, дури и сребро и злато. Морската вода длабоко продира во кожата, а морето исто така содржи и алги кои поволно влијаат на здравјето.

Морето благотворно делува на астма и алергија

Морската сол е благотворна кај кожни алергиски реакции. Чистиот морски воздух, заситен со негативни јони, го олеснува дишењето и поволно влијае на личностите кои страдат од астма.

Маркетинг

Со сончањето телото се снабдува со витамин Д

Сончањето носи не само убав тен, туку и ве снабдува со витамин Д кој му е потребен на вашиот организам. Неодамнешни истражување потврдиле дека тој игра клучна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи и рак.

Престојот на море ве ослободува од стрес

Што може да ве опушти повеќе од сонце, лесен ветер и бранови? Летувањето на море ви дава прилика да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите.

Маркетинг

Морето е идеално за спортски активности

Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувњето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото, но и за целокупното ваше здравје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button