Што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Поповиќ? Овие детали сите ги растажија
Конечно откриено што ќе се случува со шоуто, но и детали за последните денови на Поповиќ во болницата

Еве што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“…
По смртта на естрадниот маг Саша Поповиќ, многумина се прашуваат што ќе се случува со популарното шоу „Ѕвездите за Гранд“.
Овие денови исплива и вистината за тоа кој всушност му ја дал идејата за ова шоу на првиот човек на „Гранд“ (види тука), но и многу други детали поврзани со животот на естрадата легенда од кого веќе со денови се збогуваат и најголемите музички ѕвезди од целиот Балкан.
Меѓу нив секако има и пејачи од Македонија кои се збогуваа од Поповиќ (види тука), а една од нив е и пејачката Андријана Петрушовска.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Сале ….пред финалето… ми кажа да бидам горда на тоа како пристапувам кон работата и дека верува во мене! Човек – Магија. Чест и привилегија е да се живее во ерата на Саша Поповиќ! Благодарна за сé, драг директоре“, напиша Андријана на Инстаграм под заедничката фотографија па додаде и дека нема никогаш во нејзиниот живот да биде забoравен и се збогуваше од него.
Што се однесува до самата емисија и дали таа и во иднина ќе постои, овие дилеми ги разреши Весна Милановиќ, главниот ПР на Гранд продукцијата, која за медиумите откри што ќе се случува.
Принтскрин/ Инстаграм
И како што вели таа, Поповиќ пред месец и половина бил во студиото и тогаш добил громогласен аплауз од жирито.
Тој имал потполна доверба во луѓето со кои соработувал со години, така што работата нема да застане ниту една секунда, бидејќи, како што вели Милановиќ, тоа била негова желба.
Принтскрин/ Инстаграм
Семејството на Поповиќ до последниот момент било со него, но тој не сакал да се зборуваар за болеста и не им дозволувал да тагуваат
„Поповиќ работеше до последен ден и веруваше дека ќе биде се во ред и не сакаше да се зборува за неговата болест, бидејќи беше сигурен дека ќе оздрави како и сите ние“ изјави таа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Само можам да кажам дека неговото семејство беше со него, до самиот крај“, откри тогаш Весна во „Премиера викенд специјал“ потенцирајќи дека снимањето на емисиите не смее да застане.
„Секако дека тука е целата екипа со која Саша работи преку 20 години, така што ниту една секунда работат не може да застане, бидејќи тоа би било предавство кон Саша“, изјави тогаш главниот ПР на „Гранд“.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, во врска со емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна се огласи и Снежана Ѓуришиќ која исто така е дел од шоуто.
„Тој одамна замина од Гранд продукција, но форматот на ‘Ѕвездите на Гранд’ е негова приказна. Не знам, но верувам дека тоа ќе продолжи бидејќи тој навистина имаше луѓе околу себе кои го научија тоа и видеа што и како треба. Времето ќе покаже што и како понатаму кога е во прашање“, изјави познатата пејачка.