MAMAДом и семејство

Што ќе наследи вашето дете од вашата свекрва –  ова се пренесува од бабата на внуците

Гени, карактер и навики, како всушност бабата влијае врз внуците.

Advertisement

Сите сме ја слушнале старата изрека дека кога се мажите или жените, всушност се поврзувате со целото семејство на партнерот/ката. Тоа значи дека заедничкото дете ќе наследи дел од гените и навиките на неговите баби и дедовци. Дури и ако не сте во најдобри односи со свекрвата, добро е да знаете дека од неа детето може да наследи одредени особини, и генетски и здравствени.

Рускиот генетичар Сергеј Кисељов објаснува дека секое дете добива свој „генетски коктел“ од предците.

Advertisement

„Детето носи четвртина од бабата. Околу 25% од гените доаѓаат од бабата. Но како тие гени ќе се манифестираат зависи од комбинацијата со гените на другите членови на семејството. Секое дете е уникатно, и гените може да се ‘мешаат’ на сосема различни начини“, вели Кисељов.

Бабите од мајчина и таткова страна не пренесуваат исти гени на внуците. Бабата од мајчина страна влијае и врз внуците и врз внуките, додека бабата од таткова страна пренесува одредени хромозоми, како X хромозомот, само на внуките.

пекселс

Тоа објаснува зошто некои карактеристики, како бојата на очите, можат да се појават кај децата дури и ако се чини дека се заборавени во претходната генерација.

Advertisement

„Гените може да се појават по непредвидлив начин. Ако бабата имала сини очи, кои се рецесивни, а дедото кафени, доминантни, детето најчесто ќе има кафени очи. Но сините очи можат да се појават кај внук или внука, кога никој веќе не очекувал“, објаснува Кисељов.

Освен изгледот, гените ја одредуваат и здравствената предиспозиција. На пример, наследниот рак на дојка се пренесува по женската линија.

Ако бабата го има овој ген, постои голема веројатност дека и ќерката ќе го наследи, а подоцна и внуката. Кај момчињата, овој ген нема да се манифестира, но може да се пренесе на неговите ќерки. Денешната медицина нуди можности за рана дијагноза и превенција, што значи дека родителите можат да се подготват и да превземат мерки навреме.

пекселс

Генетиката не одредува сè, но ни дава вредни информации за тоа како минатото влијае на сегашноста и иднината на нашите деца. Со тоа знаење, родителите можат да создадат услови за здрав и среќен развој на своите деца.

Практични совети за родителите

Разбирањето на наследувањето од претходните генерации може да помогне родителите да ги следат здравствените предиспозиции и да ги превенираат ризиците. Редовни медицински контроли, консултации со генетичари и внимание кон семејната историја на болести можат значително да помогнат.

Покрај здравјето, свесноста за потенцијалните наследни особини им помага на родителите да ги поддржат и развијат карактерот и склоностите на детето на најдобар можен начин.

Со други зборови, генетиката не е судбина, туку водич. Таа ни покажува како можеме да создадеме оптимални услови за раст и развој на идните генерации, да ги разбереме и поддржиме децата, и да ги заштитиме од можни ризици.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button