Реклама
FashionТрендови

Што ќе биде во мода во 2025 година – старите трендови се враќаат со нова интерпретација

Предноста на враќањето на старите трендови е и во заштеда на буџетот зашто секој веќе има по едно вакво парче во гардероберот. Разликата е во комбинирањето и посмелото изразување.

Реклама

И покрај бројните наговестувања од страна на врвните стилисти, никој со сигурност не може да каже каква ќе биде следната година. Кој можеше да предвиди дека ова лето (2024) главниот стил ќе биде бохо-шик?

Сепак, ништо не нè спречува да направиме претпоставки за иднината, па ќе се обидеме да предвидиме каква ќе биде 2025 за модната индустрија.

Покрај тоа, модниот свет веќе ги испрати своите пораки. Пантоне ја прогласија за боја на годината – на изненадување на многумина – Мока мус (Mocha Mousse) – опишана како топла, кафена нијанса, а брендови објавија колекции во кои веќе може да се следат водечките трендови.

Маркетинг

Полка точки

Според славната стилистка Бренда Купер, точките заземаат централно место во 2025 година. Таа смета дека овој тренд може да го носи буквално секој, и во секакви модни комбинации. Згора на тоа, трендот не е нов, и речиси секоја модна колекција – вклучително и колекциите на достапните модни марки – содржат по некое парче со полка точки.

 

Маркетинг
View this post on Instagram

 

A post shared by GABEL (@_g_a_b_e_l_)

Анимал принт

Анимал принтот, односно животинските принтови како леопард, зебра, тигар и слично, како и цветните принтови, не се непознати за светот на модата. Но сепак, повторно се најавуваат за главен тренд за 2025 година.

Сепак, според модните дизајнери, толкувањата на овие принтови се менуваат. Сега тие се гледаат со очи на „неутрална облека“ и може да се интегрират во различни модни комбинации.

Прилагодливоста на животинските принтови им овозможува да се вклопат и во секојдневната и во свечената облека, што ги прави достапни за разновидна публика, сметаат модните дизајнери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travia| STYLE INFLUENCER 📍DC/Miami (@irregular_wear)

Целосно цветно

Стилистката и модна блогерка Џеки Кондура забележува: „Цветовите за пролет/лето не се нови, но нивното толкување за претстојната сезона ќе биде смело, односно – целосен цветен принт, комбиниран на различни начини „од главата до петиците“ и ажурирани на модерен, шик начин“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HUISHAN ZHANG (@huishanzhang)

Крупен метален накит

Судејќи според новите колекции, следното лето неминовно ќе видиме тренд на крупен метален накит. И тоа не само во форма на обетки, алки и ѓердани, туку и како дел од чанти, чевли или дури и на облека.

Се чини дека стилот на употреба на светки и штрасови почнува целосно да не напушта, отстапувајќи место на минимализмот и футуристичките силуети.

Затоа, елементите без дополнителен декор, како да се излеани одеднаш односно во едно парче, ќе бидат претежно во мода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ERDEM (@erdem)

Целосно бело

„Монохроматскиот тренд беше голем хит во последниве две сезони, но се работеше за смели бои“, објаснува Ешли Африј, стилист и моден консултант.

„Сега, во 2025 година, се работи за целосно белиот изглед. Чист изглед, без напор во комбинирањето на модни парчиња, безвременско и класично“, објаснува Африј

„Целосно белиот изглед покажува дека сте храбри и сигурни во тоа што го носите, знаејќи го ризикот штом ќе излезете на улица“.

Реси

„Во тек е модна обнова на 70-тите години, а тренд кој ќе биде во центар на вниманието се ресите“, објаснува стилистката Дајан Бојер.

„Она што е одлично за трендот на реси е тоа што може да се носи и во зима и во лето, а има и смели и суптилни начини да го вклучите во вашата гардероба. Засега, размислете за реси на потешки ткаенини како велур и кожа, но штом дојде пролет, можете да комбинирате реси на полесни ткаенини во трендовска пастелно розова нијанса“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button