Еве што кажува за вашиот карактер прстот на кој го носите вашиот прстен
Прстенот не е само обичен украс на вашите раце, туку и симбол и показател на вашиот карактер.
Прстенот не е само обичен украс на вашите раце, туку и симбол и показател на вашиот карактер. Имено, психолозите тврдат дека врз основа на тоа на кој прст го носите вашиот прстен, можете многу да дознаете за неговиот сопственик.
Ако го носите на средниот прст
Ако некој носи прстен на средниот прст, значи дека таа личност многу значење ѝ дава на убавината, затоа што накитот на тоа место ја нагласува елеганцијата на рацете, но и самољубието. Потребата за внимание од околината е правопропорционална со големината на скапоцениот камен.
Ако го носите на показалецот
Прстенот на показалецот ја покажува силната волја и сила. Доколку некој на тој прст носи накит со голем камен, тоа значи дека е многу моќен и горд. Прстенот на десниот показалец покажува висока интелигенција, додека пак на левиот се истакнува склоноста кон хистерија.
Ако го носите на малиот прст
Накитот на малиот прст најчесто го носат актерите, сликарите и дизајнерите, но и необичните, оригинални луѓе.
Ако го носите на палецот
Личностите кои го носат накитот на палецот, без разлика дали се жени или мажи, ѝ придаваат големо значење на сексуалноста.
Ако го носите на домалиот прст
Накитот на домалиот прст е знак на семеен статус. Во стариот Рим на тој прст се носел прстенот, како симбол на долготраен брак. Интересно е дека накитот од злато станал популарен дури во 3 и 4 век во новата ера.