Хороскопот може да ви открие колку им сте привлечни на другите, а секој знак има нешто посебно во себе.
Хороскопот може да ви открие колку им сте привлечни на другите, а секој знак има нешто посебно во себе. Дознајте кои се најатрактивните особини на Овните, Лавовите и Девиците.
Овен
Овните се силни и самоуверени, а секогаш го добиваат и она што го сакаат. Нивната најпривлечна особина е независноста. Овенот не мисли на работите за кои мислат останатите знаци. Тој реагира на страст и импулс. Затоа е неодолив.
Лав
Доминантен и никогаш пасивен, Лавот знае дека самодовербата е најважна. Тој е главен, а другите го слушаат. Лавот е тој што ќе го направи првиот чекор и ќе ја загрее атмосферата каде и да се појави.
Девица
Девицата умее вешто да зборува, па со тие зборови може да ги плени сите околу неа. Во љубовните врски сака безусловно и бескрајно. Се дава себеси безрезервно, другите ги сака повеќе од себе и лесно може да ги шармира.