Реклама
Наши ѕвезди

Што е тоа што и виси од позади на Сузана Гавазова? Ќе се изненадите, пејачката никогаш не била поубава

Еден детаљ што го менува целиот впечаток, а во кој секоја жена ќе се вљуби на прв поглед

Реклама

Пејачката Сузана Гавазова ги воодушеви сите со црвениот комбинезон со кој совршено го истакна своето тело.

Кога се појави во студиото сите гледаа во неа, а во центарот на вниманието беше и гооолемата панделка поставена странично, во задниот дел, веднаш над колкот, но толку беше голема што едноставно не можеше да помине незабележано.

Покрај овој необичен детаљ, комбинезонот беше со едноставен крој, а голите раменици и шминката направија пејачката да изгледа елегантно, но и провокативно и безгрешно во исто време.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сузана Гавазова е позната и по своите интересни модни приказни со кои секогаш знае како да ги изненади обожавателите.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Пејачката тоа го направи и овој пат со ова свое црвено предновогодишно издание, а снимка од него објави и на Инстаграм.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

И додека горниот дел, кој беше со форма на корсет, изгледаше како еден од најсексапилните детали, и елегантниот долен дел што ја следи силуетата совршено го истакна беспрекорното тело на пејачката, а впечатливата шминка и лелеавите локни во косата дополнително ја нагласија нејзината женственост.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инаку, згодното тело на Сузана Гавазова е резултат на редовни тренинзи и здрави навики, што таа во една пригода го откри самата во интервју за Гламур магазин. Таа тогаш истакна дека формата ја одржува со повее активност, но и со внимавање на исхраната, од која ги има исфрлено чоколадите и газираните сокови.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

„Во моето мени задолжително има зеленчук, овошје, салата, бело месо и риба“, ни откри тогаш Гавазова (види тука). И благодарение на овие свои позитивни навики, Гавазова која неодамна го прослави својот 45 роденден и денес плени каде и да се појави.

Инстаграм/ Сузана Гавазова

А како Гавазова изгледаше и на својата роденденска прослава, облечена во тесно и тигресто, погледнете тука…

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Инстаграм/ Сузана Гавазова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button