Реклама
MAMAКафе муабет

Што е суштината на среќно семејство? Задоволна жена!

Реклама

Со текот на времето, улогата на жената се менувала. Некогаш работите биле јасни. Жените седеле дома и се грижеле за децата, а мажите носеле пари и храна на масата. Денес, тоа повеќе не е така. Или сепак е. Денес жените имаат милион обврски, семејство и успешна кариера. Или пак не?

ФОТО: femmepharma.com

Што е подобро од овие две работи? Што е суштината на среќното семејство? Рускиот мотивационен говорник, Александар Палиенко, ни го открива ова.

„Жено, кога имаш нешто да кажеш, кажи. Кога премолчуваш, тогаш ги издаваш своите сакани. Жената не мора да објаснува зошто, но важно е да каже како се чувствува“. Кога жената се грижи за децата и кога не наоѓа време да се исполни себеси на друг начин, тогаш таа неисполнетост ја пренесува на децата. На децата тоа се одразува преку нарушено здравје, проблеми или запаѓање во неволји.

Маркетинг

Семејството може да се распадне ако жената има потенцијал, но не го користи, ако жената не се грижи доволно за себе, ако смета дека не вреди доволно, ако е несигурна, срамежлива… Тогаш самата жена си станува закана на себеси. Од друга страна, кога жената е исполнета и комуницира на еднакво ниво со членовите од семејството, се чувствува како вистинска жена и не ги повредува другите со тоа што се занемарува себе. Тогаш својата енергија ја претвора во енергија на среќа и задоволство.

Таа среќа и тоа задоволство се пренесуваат на децата и мажот. Кога жената каже дека не го сака тој проект од работа или некој одреден колега/колешка, тогаш мажот не треба да праша зошто. Жената мора да ги изрази своите чувства, а мажот мора да ја разбере. Мора да разбере дека ако нема позитивна и креативна енергија во жената, нешто сериозно не е во ред. И не е важно зошто, но тоа мора да се промени!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button