Реклама
NEWSВести

Што е сеизмичка бура што ѝ се заканува на Грција – можни земјотреси и до 6 степени според Рихтер, цунами и вулканска ерупција

Феноменот на сеизмички бури е добро познат, но недоволно документиран во сеизмологијата.

Реклама

Грчкиот остров Санторини е погоден од серија земјотреси со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Над 200 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров Санторини во последните 48 часа. Поради оваа причина, властите предупредуваат дека е можна сеизмичка бура, вулканска ерупција или цунами.

Жителите почнаа да се евакуираат поради можност ситуацијата на островот да се влоши. Исто така, и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, во неделата имаше средба со претставници на надлежните служби и тие сега се во состојба на готовност. Училиштата се затворени на Санторини, како и на соседните Аморгос, Парос, Антипарос и Наксос.

Маркетинг

Нова серија земјотреси

Некои експерти ги нарекоа ваквите чести земјотреси сеизмичка бура. Само во петокот, 31-ви јануари, сеизмичката станица на Санторини открила најмалку 39 мали земјотреси, главно со јачина од 3,5 или помалку, според Live Science.

Голем број земјотреси беа со јачина од четири степени според Рихтеровата скала, а најсилниот од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи во неделата навечер.

Маркетинг

Феноменот на сеизмички бури е добро познат, но недоволно документиран во сеизмологијата.

Како што е наведено на веб-страницата SSGEOS, тоа вклучува групација на посилни земјотреси од 5,6 степени според Рихтеровата скала и повеќе. За разлика од повеќекратните мали до умерени земјотреси во одреден регион, временските, но не и просторните групирања се случуваат релативно често, кога поголеми земјотреси се случуваат на различни места низ планетата во краток временски период.

Значи оваа, не толку вообичаена појава е поврзана со една област и голем број силни земјотреси во релативно краток временски период. Временскиот период што се користи за дефинирање на „кластерот“ за земјотрес варира, но може да биде денови, месеци или години.

Ова ослободување енергија се разликува од ситуацијата кога голем земјотрес (главен потрес) е проследен со серија последователни потреси.

Кога станува збор за сеизмичка бура, крајот на сеизмичките активности не може да се предвиди, а второ, не може да се предвиди ни дали ќе се случи уште еден земјотрес со уште поголема сила од претходните потреси во низата. Такво нешто се случи во Италија во 2009 година, кога земјотресот со јачина 6,3 според Рихтер следуваше по низа земјотреси со силина меѓу еден и три Рихтери.

Спасувачки тимови и лекари со амбулантни возила веќе се на островите Санторини, Иос и Аморгос, а на Санторини е формиран оперативен центар за справување со евентуална вонредна ситуација. Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас по средбата со Мицотакис изјави дека се преземени превентивни мерки.

Вулканологот-истражувач на Грчката служба за геолошки истражувања, Јоргос Вугиукалакис, изјави дека епицентрите на земјотресите главно биле на Анхидрос, ненаселен остров во близина на Санторини. Според него, властите одлучиле да ги прошират безбедносните мерки на соседните острови Аморгос, Анафи и Иос, со цел да се избегнат панични ситуации и да се обезбеди заштита на жителите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button