Полека но сигурно ја испраќаме и оваа 2019 година. За некој добра, за некој лоша, но сепак, сите имаме некаква лекција да извлечеме од неа.
Сето она што ни се случува, не’ формира вакви личности какви што сме. Ние минуваме низ многу искуства и животни искушенија, а преку нив се искачуваме до одредено скалило во животот. Затоа, на последниот ден од оваа година, треба да си ги резимирате вашите лекции и да си дозволите тие да ве водат напред.
Не дозовлувајте да ги повторувате истите грешки по сто пати. Ако не сте добредојдени во нечиј живот, тогаш свртете се и заминете. Не треба да молите за ничија љубов. Вие самите сте со голема вредност, а ако некој не умее да го цени тоа, тогаш не треба залудно да си ја трошите својата енергија.
На последниот ден од оваа година ставете точка на сите оние работи кои ве повредувале, и тргнете напред со нови сили. Со годината која завршува, нека завршат и вашите бесцелни молења на луѓето кои не заслужуваат.
Последниот ден од оваа година бидете среќни, затоа што сте живи и здрави, вие и вашето семејство, зашто имате во чија прегратка да претрчате и зашто имате на чие рамо да се потпрете!