MAMAДом и семејство

Што да направите ако вашето дете лесно се откажува – овие совети ќе го променат сто отсто

Многу е важно детето да почувствува дека вие сте неговата поддршка во овој процес.

Advertisement

Додека детето расте, тоа се менува, го формира својот карактер и покажува наклонетост кон одредени работи. Во тие моменти, родителите треба да постапуваат мудро и да му се приближат на детето ако забележат дека има некој проблем.

Но, што се случува ако забележите дека вашето дете лесно се откажува, дека не е истрајно? Како треба да постапите?

Advertisement

Подигањето на деца кои се истрајни и кои не се откажуваат лесно, не е воопшто едноставна задача.

пекселс

Како да воспитате истрајно дете

Со сите удобности што ги нуди модерниот живот, воспитувањето на истрајни деца може да биде предизвикувачко.

За да му помогнете на детето да развие истрајност, потребни се три клучни елементи: цел, самодоверба за преземање ризици и истрајност да се обидува повторно.

Advertisement

Цел, визија или план

Поставувањето на цел е суштински дел од овој процес. Детето не може да работи на нешто ако пред себе нема јасен резултат што сака да го постигне.

Што можете да направите вие? Помогнете му на детето да развие јасна и остварлива цел, било во спортот, во училиште или во животот.

Самодоверба за преземање ризици

Откако целта ќе биде јасна, следниот чекор е да му се даде доверба на детето да презема ризици.

Што можете да направите вие? Поттикнувајте го преку разговори и личен пример. Истражувањето на Центарот за развој на децата на Универзитетот Харвард покажува дека најважниот фактор за развој на истрајноста кај децата е да имаат барем една стабилна и поддржувачка врска со посветен родител.

пекселс

Истрајност да продолжи понатаму

Храброста не се стекнува кога детето успева во сè што пробува, ниту преку награди за неуспешни обиди. Таа се гради преку предизвици и тешки искуства. Потребно е да му дозволите на детето да доживее неуспех или да не ја постигне целта.

Што можете да направите вие? Поддржете го во тешките моменти, но насочете го кон иднината. Оставете го да се соочи со своите чувства, понудете љубов, дозволете му да ги изрази емоциите без да се затвори во себе и развивајте отворени разговори дури и по неуспесите.

Можеби детето нема веднаш да ви се заблагодари, но со тек на време ќе сфати што сте направиле за него и како сте му помогнале да научи една од највредните лекции во животот – истрајноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button