Научниците откриле дека само со промена на исхраната можат да се спречат милиони прерани смртни случаи во целиот свет.
Научниците откриле дека со промена на исхраната може да се спречат милиони прерани смртни случаи. Повеќето знаат дека во секојдневната исхрана треба да бидат вклучени и овошјето и зеленчукот, но колкава е минималната количина од оваа здрава храна која треба да ја консумирате дневно? Знаете ли која храна треба да ја јадете?
Па, погледнете го ова мени коа ќе ви биде од голема корист.
За понизок ризик од карцином, влијае исхраната каде што е застапен зелениот и жолтиот зеленчук, како и зелката, брокулата, карфиолот. За понизок ризик од срцеви заболувања и инфаркт, влијаат јаболка, круши, цитруси, салата, зелен лиснат зеленчук (како што е зелената салата) ис лично. Во анализирањето на резултати од бројни студии, било покажано дека 200 грама од препорачаното овошје и зеленчук дневно го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести за 13%, додека 800 грама го намалуваат тој ризик за 28%. Исто така 200 грама од овие намирници го намалуваат ризикот од карцином за 4%, а 800 грама за 13%.
Медена диета – ослабете еден конфекциски број за само 3 недели >>
Конечно, 200 грама од споменатото овошје и зеленчук го намалуваат ризикот од прерана смрт за 15%, а 800 грама за 31%.