Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Шпанска тортиља со компири која ќе ве освои уште со првиот залак

Реклама

Шпанските јадења се познати по вкусните и достапните намирници, но и по нивната едноставна подготовка. Едно од таквите е оваа традиционална тортиља од компири.

Потребни состојки:

  • 4 средни компири
  • 1 поголема главица кромид
  • 4 јајца
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка: Изкупете ги компирите и исечете ги на тенки коцкички, а кромидот на тенки кругови. Во тавче загрејте маслиново масло и ставете ги компирите и кромидот, па сетоа заедно добро испржете го, така што компирот ќе се запече, а кромидот ќе потемне. Ставете ги јајцата во поголем сад и изматете ги како за кајгана, додајте ги компирот и кромидот и сето заедно добро измешајте го. Повторно загрејте го маслото во кое се пржил кромидот, па кога ќе се загрее ставете ја мешавината од компир, кромид и јајца. Оставете тивко да се запржат. Садот прекријте го со чинија, па обрнете го така што тортиљата ќе остане на чинијата, па потоа свртете ја од другата страна за да се запече. Кога ќе се испечат и двете страни, тортиљата ќе ви биде готова. Исечете ја како торта и послужете ја топла.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button