Шок за гледачите – еве кој доаѓа на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Оваа пејачка ќе ја менува Марија

Една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, Дара Бубамара, ќе стане дел од новата сезона во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа веќе го потпиша договорот со продукцијата, а како што се вели во нивното официјално соопштение, позитивната енергија на познатата пејачка како и нејзината препознатлива харизма ќе внесат дополнителна динамика во легендарното шоу и ќе им биде силен ветер во грбот на новите музички таленти што во иднина.
Дара доаѓа на местото на Марија Шерифовиќ, а откако го потпиша договорот најави вистинско лудило во новата сезона.
Принтскрин/ Гранд
Потсетуваме, овогодинешното финале на „Ѕвездите ана Гранд“ се одржа на 5. јули и победник беше Никола Станишиќ од Македонија.
Само еден ден подоцна се огласи Марија Шерифовиќ и откри дека повеќе нема да биде дел од споменатото шоу.
Принтскрин/ Гранд
Тогаш веднаш започнаа и шпекулациите кој би можел да ја замени, а најмногу се типуваше дека тоа би можело да бидат пејачката Сања Вучиќ или Драган Којиќ Кеба, но од продукцијата следуваше изненадување.
Како што објавија во нивното соопштение, Дара во текот на својата кариера има изградено статус на фолк-икона, па нејзиното музичко знаење, повеќедецениско искуство во индустријата и непосредната комуникација со публиката ја прават да биде исклучително засилување на жирито во најгледаното музичко шоу на Балканот.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Што се однесува до Шерифовиќ, таа еден ден по финалето се огласи и откри дека по 10 години поминати во жирито на емисијата, решила да го затвори ова важно поглавје во нејзиниот живот и кариера.
„Сите овие години беа многу повеќе од работа. Беше тоа едно големо, незаборавно искуство – полно со смеа, солзи, расправии, надежи и неверојатни млади луѓе кои ме инспирираа и потсетија зошто музиката има моќ да менува животи. Низ сите овие сезони растев и како уметник и како човек“ напиша Марија во своето обраќање, па го додаде и следново:
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Имав среќа оваа работа да ја учам од најдобриот. Од мојот Сале, кој денес сигурно со мене би се испокарал“
„Ти благодарам на шансата да бидам дел од ова до небото. Ми беше чест директоре“, напиша тогаш Шерифовиќ.
Потсетуваме, оваа есен покрај „Ѕвездите на Гранд“, на телевизиите се враќаат и спектакуларните „Пинкови ѕвезди“.
Повеќе за ова прочитајте тука>>>