NEWSВести

Шок во скопска црква: Младоженец исчезна пред венчавката

Advertisement

Викендов, во неделата на 23 ноември, во црквата „Богородица“ во Скопје се одржа необична групна венчавка. Настанот бил организиран за постари брачни парови кои, поради различни причини, во минатото не успеале да стапат во црковен брак. Храмот се потрудил да го направи овој чин повозвишен, со сите традиционални црковни ритуали, за да им овозможи на младоженците посебен и достоинствен момент, објави Религија.мк.

Меѓутоа, пред почетокот на церемонијата, се случила изненадувачка сцена — еден од младоженците исчезнал. Присутните веднаш забележале дека го нема, па венчавката кратко била одложена додека траела потрагата. На среќа, младоженецот бил пронајден и вратен во црквата, а церемонијата продолжила со радост и насмевки на сите присутни.

Advertisement

Овој настан ја потсетува јавноста дека љубовта не познава години и дека никогаш не е доцна за исполнување на соништата и заедничкиот живот во брак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button