Шок коментар за скандалот со „швалерајот“: „Па и во Македонија цути развратот, во секоја фирма…“
Се огласи и Ина Многуфина за аферата што го потресе светот

Големиот скандал што се случи деновиве на концертот на „Колдплеј“, а кој го заобиколи светот, привлече внимание и кај нас.
Станува збор за драмата кога директорот на светски познатата АИ компанија Астрономер, Енди Бајрон, беше „жив“ фатен од камерите како разменува нежности со својата колешка Кристин Кабот, и тоа пред илјадници луѓе, а потоа и пред целиот свет.
Имено, оваа снимка стана вирална и предизвика милиони коментари секаде каде што истата беше објавена.
Принтскрин/ Икс
Посебно што Бајрон е оженет, а воопшто не покажа ни трошка дискреција пред останатите што во тој момент беа со нив.
И откако забележаа дека ги фатиле камерите, тие се обидоа да се сокријат, но токму оваа реакција дополнително привлече внимание.
Принтскрин/ Икс
Во врска со овој „швалерајски“ настан се огласија многумина, а една од нив е и Ина Многуфина, која го напиша следново:
„Што е толкава фама за швалерајот на тој на Колдплеј? Демек изненадени сме дека во некоја фирма директорот се швалерисува со вработената и сите знаат освен жена му? Па во Македонија каде цути развратот тоа во секоја втора фирма го има најверојатно или институција. Мажи на кои им треба валидизација на фраер пошо бил невидлив за жените па сега од позиција на моќ и жена која има потреба од валидизација на фаталничка или гледа шорткат до поголема плата. Разликата е во тоа што жена му на тој од концертот после дознавањето ќе си оди со 800 милиони долари од развод, а нашата жена ќе ја убедуваат дека ако го остави клошарот што ја вара “не се трудела доволно” за бракот да го задржи. Со чест на исклучоци кои имаат себепочит, напиша Ина на својот профил на Фејсбук.
Принтскрин
Потсетуваме, она што требаше да биде романтичен момент фатен од камерите на концертот на „Кодплеј“, се претвори во невидена афера што ги тресе социјалните мрежи низ целиот свет.
@instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp
Имено, за време на концертот на Колдплеј и традиционалниот „кис кам“ момент, камерите фатија еден пар во незгоден момент.
Тие се гушкаа, се додека не сфатија дека ги снимаат камерите, па наместо бакнеж, она што сите го очекуваа, следуваше необична сцена полна со нелагодности – мажот беше збунет, жената веднаш се сврте и се обиде да се сокрие, а публиката и бендот гледаа во живо.
И кога настана тензична ситуација, фронтменот на бендот, Крис Мартин, се обиде да ја намали тензијата со реченицата:
„Ох, што е ова? Или имаат афера или се само срамежливи“, изјави тој, и самиот изненаден од сцената што се одвиваше пред сите.
Coldplay accidentally exposed an alleged affair between Astronomer CEO Andy Byron and his colleague Kristin Cabot at one of their recent concerts. pic.twitter.com/hsJHV2u5UM
— Pop Base (@PopBase) July 17, 2025
И така всушност започна скандалот!
За само неколку часа, снимката ги преплави сите социјални мрежи, а набргу се откри и идентитетот на главните актери.
Во прашање се Андри Бајрон, директор на АИ компанија Астрономер и Кристин Кабот, директорката на човечки ресурси во истата фирма.
Ова дополнително предизвика бројни полемики посебно откако се појавија шпекулациите дека Бајрон наводно е во брак со Меган Кериган Бајрон, која набргу го тргна презимето на сопругот од социјалните мрежи, додека Кабот е разведена од 2022 година.
Ali koncept toga da varaš ženu i da umesto da se kriješ odeš na koncert Coldplaya i da te kamera uhvati sa ljubavnicom. KAKO NEKO USPE DA BUDE DIREKTOR FIRME TAKO GLUP?
— Meračica pizze (@ginalash__) July 17, 2025
Ова предизвика и дополнителни прашање – дали станува збор за афера? Дали се работи за забранета врска на работа? Или само е недоразбирање фатено во незгоден момент?
Од друга страна, некои се сомневаат и дека целиот случај е наместен, а еден од нив е и Спас Јовановски, кој напиша:
Принтскрин
Како и да е, досега ниту едно лице од снимката се нема огласено, ниту пак некој од „Колплеј“ даде официјална изјава.
SHE is the one I most want to hear from pic.twitter.com/MnAJpRCbRG
— Nicole Auerbach (@NicoleAuerbach) July 17, 2025
Но затоа пак целиот свет даде свој суд, како на социјалните мрежи, така и со бројни мемови што го преплавија интернетот.
this is how you should go to concerts if you’ve called in sick or you’re cheating on your partners btw pic.twitter.com/nAuwdjlUpJ
— zhopamine (@zedchrmsm) July 17, 2025