Шок! Кајмакоски нема да остане рамнодушен на она што поранешната сопруга го кажа за неговата „машкост“
„Искрено, бидејќи не му бев на свадба на поранешниот, еве нека биде ова подарок од мене“
„Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле…”
Во првата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно” една од гостите беше и поранешната на Кајмаковски со кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата Кристина Димитри на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:
– „Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле тешко!” алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè.
Принтскрин/ Јутјуб
Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде „Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат”.
Водителката ја праша Кристина, ако би можела да бира дали да го испрати поранешниот на најубавиот одмор во животот или сегашниот на најтешката обука, Кристина вели:
„Искрено, бидејќи не му бев на свадба на поранешниот, еве нека биде ова подарок од мене“, се пошегува поранешната манекенка додавајќи: „Па, што ќе правам без дечко?!“
Принтскрин/ Јутјуб
Во емисијата чија тема беше „Дали да се врати воениот рок” гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и Генералот Стојанче Ангелов.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Кристина од бракот со Даниел Кајмакоски го има синот Давид кој оваа година наполни седум години.
Кристина од него е помлада 13 години, а по разводот едно време се бореше со депресија и за тоа јавно зборуваше. Таа неодамна откри дека има момче, а во емисијата кај Велков и неколку пати го спомна.
Принтскрин/ Јутјуб
Од друга страна Даниел по разводот од Кристина повторно се ожени, а по некое време го дони и синот Стефан, а пред неколку месеци сите ги изненади кога откри дека неговата сегашна сопруга Марија со која што живее во Белград е повторно бремена.