Шок! Гранд ѕвезда со потекло од Македонија распали по продукцијата – скандал, ќе одат и на суд?!
Пејачката неодамна зборуваше за проблемите што ги има со „Гранд“, но и за својот најголем бакшиш
Зорана Миќановиќ, згодната пејачка која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, во една пригода откри дека има македонски корени.
Имено, Зорана вистината за своето потекло ја откри во една пригода во емисија на „Гранд“, со што стекна симпатии кај нашата публика. Таа деновиве повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат заради проблеми што ги има со продукцијата
Како што пишуваат српските медиуми, таа со „Гранд“ останала во добри односи, иако постојат шанси и да одат на суд.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа самата за медиумите изјави дека некои работи од договорот од страната на продукцијата не биле испочитувани, додека таа ги испочитувала сите обврски што ги имала кон нив.
Инаку, Зорана деновиве гостуваше во емисијата „Цеца шоу“, каде откри дека во една пригода добила бакшиш од 10.000 евра.
Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Оваа нејзина изјава ги шокираше сите, а како што самата вели, оваа сума ја добила за само две песни и тоа на ромска забава.
Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
„Јас работам ромски забави и можам слободно да кажам дека кај Ромите бакшишот е најголем. Тие се многу дарежливи, понекогаш за една песна даваат и по 20.000 евра! Ова што јас го добив за нив е ситно“, вели Зорана.
Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Потсетуваме, Зорана Миќановиќ е позната по своите енергични, но и емотивни изведби, а беше хит и во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Таа иако е млада и има само 19 години веќе има големо искуство кога се настапите во прашање, така што важи за една од најбараните фолк-пејачки, а ја нарекуваат и кралица на бакшишот.