ВестиЦрна хроника

Шоферот што усмрти тричлено семејство бил пијан и под дејство на наркотици, објави српскиот Телеграф

Не беше само пијан, туку и под дејство на наркотици

Advertisement

Тешка сообраќајна несреќа во која загина тричлено семејство

Несовесен возач во Нов Белград предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина трочлено семејство.

Advertisement

Возачот од Босна кој во неделата околу 1 часот наутро предизвика сообраќајна несреќа во Нов Белград во која загина тричлено семејство, бил под дејство на алкохол, но позитивен и на наркотици.

Фото: Надзорна камера, Нов Белград, во момент на несреќата

Како што објави српскиот Телеграф, Н.Џ. (24) од Брчко на раскрсница директно удрил во автомобилот во кое било семејството.

Advertisement

Покрај полицаецот Бојан Ж. (43) , неговата сопруга Дијана К. (38) и нивниот двегодишен син, во моментот на трагедијата, но во „аудито“ со кое лицето Н. Џ. ја предизвика несреќата, на совозачкото седиште имало лице кое исто така е тешко повредено и е во болница.

Фото: Фејсбук

Како што пренесе српскиот Телеграф, на босанскиот државјанин му биле измерени 1.17 промили алкохол во крвта, додека тестот на наркотици направен по несреќата покажал дека несовесниот возач не возел само во пијана состојба, туки и под дејство на канабис.

Нему му е одреден притвор од 48 часа по што следува кривична пријава за тешко дело против безбедност на јавниот сообраќај.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button