Прекрасно и гламурозно шминкање на очите во само 8 чекори
Кога сакате да делувате гламурозно, најважно е очите да ви изгледаат прекрасно.
Кога сакате да делувате гламурозно, најважно е очите да ви изгледаат прекрасно. За таа цел, погледнете ги овие совети за шминкање во само 8 чекори со чијашто помош ќе оставите одличен впечаток.
1. Подгответе ги очите за шминкање со помош на коректор
Коректорот можете да го користите за сокривање на подочниците. Ставете три точки под секое око. Почнете од внатрешниот агол, каде што кожата често е најтемна, па движете се кон средината, а потоа и кон надворешниот дел. Тапкајте додека не се изедначи.
2. На капакот нанесете подлога за очи
Подлогата за очи е тајна за трајната сенка. Со неа шминката ќе ви трае со часови, а доколку не нанесете подлога тогаш најверојатно шминката брзо ќе ви се размачка.
3. Нанесете ајлајнер
Темните сенки за очи можете да ги употребите наместо ајлајнер. Земете коса четка и ставете ја во темна сенка за очи. Направете линија што е можно поблиску до коренот на горните трепки, од внатре кон надвор. Ставете ајлајнер и на долните трепки, но само од средина кон надвор. Растријте ја долната линија.
4. Нанесете сенка за очи
Најдобро е да користите сенка со три нијанси и да почнете од капакот кон веѓите. Кога трите бои ќе се соединат заедно, тие ќе изгледаат сјајно. Почнете со светла боја која е скоро еднаква на бојата на капаците на вашите очи. Нанесете ја преку капакот до коската под веѓите. Продолжете со потемна нијанса која ќе ја ставите само на капакот. Потоа нанесете ја најтемната нијанса само на аглите. Добро соединете ги боите.
5. Освежете ги очите со помош на илуминатор
Шминкањето на очите ќе биде многу поефикасно со помош на илуминатор. Ставете само на внатрешниот агол на вашите очи. Нанесете мала количина светла сенка за очи и ќе ја забележите разликата. Ставете на прстот малку од најсветлата сенка која ја имате и нанесете ја на внатрешниот агол на очите, каде што се спојуваат горниот и долниот капак. Така очите ќе и бидат многу поизразени.
6. Осветлете ги веѓите
Користете иста светла сенка и нанесете на коската под веѓите, почнувајќи од средина кон надвор. Изедначете со помош на прстите. Исто така доколку ви одговара можете да ставите малку и над веѓите.
7. Виткајте ги трепките
Виткањето ќе ги разубави и многу долгите трепки. За подобар ефект, загрејте го виткачот со помош на фен неколку секунди. Проверете да не е премногу жежок, па започнете со постапката.
8. Нанесете маскара
Ставете ја четката на коренот на трепките и мрдајте напред назад. Потоа уште неколку пати поминете со четката. Ставете маскара и на долните трепки.