Хороскоп

Шлепер со пари ќе им се „истовари“ пред врата – три хороскопски знаци ќе се обогатат на почеток на септември

Со самиот почеток на септември, ненадејна позитивна енергија ги очекува три хороскопски знаци кои ќе можат со полна уста да се пофалат дека станале финансиски стабилни! 

Advertisement

Астролошката сцена на почетокот на септември е полна со динамика: Сатурн се враќа во Риби во ретроградно движење, а Меркур влегува во Девица, поттикнувајќи внатрешна дисциплина, смиреност и логика. Напредокот станува реалност, туркајќи го разумот и редот во преден план во областа на финансиите.

На 7 септември, затемнување на Месечината во Риби ќе отвори врата кон неочекувано емотивно и материјално изненадување, особено за оние кои се подготвени да го пречекаат тоа со отворено срце!

Advertisement

Во оваа извонредно синхронизирана атмосфера, „камион со пари“ – без предупредување – ќе се „истовари“ пред вратата на три хороскопски знаци – оние за кои планетарните влијанија носат вистинска материјална состојба и солидна финансиска опипливост.

Еве кои се среќниците на астролистата.

Бик: Вашата истрајност конечно ќе биде исплатена

За Биковите, почетокот на септември изгледа како награда за годините упорност и тивко трпение.

Advertisement

Во првите денови на месецот можете да добиеш повик кој ќе ја смени вашата финансиска реалност – можеби е нова деловна соработка, можеби понуда за работа која носи повеќе пари, а можеби неочекувано враќање на долг кој одамна сте го отпишале.

Практичноста и трезвеното размислување, кои честопати се потценети, сега ќе ви бидат најсилно оружје. Тоа што за другите изгледа како малку, за вас ќе се претвори во основа за голема стабилност.

Замислете ситуација во која од еден мал влог или скромна инвестиција добивате повеќекратен поврат, или пак ненадејно наследство од далечен роднина кој одамна го немате ни во мислите. Вселената ви подготвува драматичен пресврт, па ќе се чувствувате дека одеднаш пред вашата врата застанал камион и ќе истовари нешто што никогаш не сте го очекувале.

Јарец: Време е да се наплати трудот од сите години

Јарците одамна се познати по тоа дека чекорат бавно, но сигурно, качувајќи се на секој врв со пот и трпение.

Почетокот на септември ќе биде моментот кога вашата упорност ќе биде наградена. Сатурн, вашиот владетел, во ретроградно движење ви враќа нешто што е одамна заслужено. Тоа може да биде унапредување на работа кое сте го чекале со години, голема финансиска поддршка за некој проект, или признание кое ќе отвори врата за дополнителни приходи.

Сцената може да биде и драматична – можеби ќе ви се јави личност која одамна ја имате изгубено од вид и ќе ви понуди бизнис зделка што изгледа како сон. Во секој случај за вас, почетокот на септември е моментот кога шлепер со пари не само што доаѓа, туку ја блокира целата улица – толку голема е наградата што ја носи!

Риби: Судбински пресврт со мирис на пари

Рибите ќе бидат во самиот епицентар на енергетските промени. Затемнувањето на Месечината во вашиот знак не е случајно, тоа е најава за пресврт кој може да го промени текот на целата година, па дури и на вашиот живот. Интуицијата, која често ја потценувате, сега ќе стане ваш компас кон материјална добивка.

Во првите денови од септември можете да добиете идеја која ќе се претвори во вистински проект што носи приход. Можеби ќе се појави партнер кој ќе ви помогне да го реализирате сонот што со години сте го носеле во тишина.

Или пак, сосема случајно, ќе слушнете разговор кој ќе ви открие пат до нешто ново. За Рибите, камионот со пари ќе пристигне неочекувано, можеби дури и навечер, како симбол на тоа дека богатството може да се појави тогаш кога најмалку го очекувате.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button