Шест минути за комплетно шминкање (нема да ви се верува, но само толку ви е потребно!)
Доколку не сте тип на жена која сака да се шминка и по неколку часови, се брзате или немате трпение, тогаш ви предлагаме како да се нашминкате за само 6 минути.
Доколку не сте тип на жена која сака да се шминка и по неколку часови, се брзате или немате трпение, тогаш ви предлагаме како да се нашминкате за само 6 минути. Пред нанесувањето на шминката, неопходно е добро да го исчистите лицето со млеко за отстранување на нечистотиите, со измивање или тоник, а потоа да се впуштите во акција.
Кожа (1 минута)
Нанесете хидратантен крем. Рамномерно распоредете го по целата површина на лицето и вратот, водејќи сметка за тоа да не претерате со количината. Потоа со коректор прикријте ги „неправилностите“ на лицето.
Очи (4 минути)
Изберете сенка во прав (најдобро е нежно кафеава, затоа што им одговара речиси на сите) со која ќе го создадете популарниот зачаден поглед. Лесно размачкајте ја со четка или со прстот. Потоа повлечете линија со ајлајнер во боја на чоколадо.
Конечно, на трепките нанесете маскара во два слоја.
Образи (15 секунди)
Насмејте се и на јаболкниците нанесете руменило со прстите на највисоката точка на образите. Потоа растријте со неколку нежни движења, со цел да постигнете што поприроден изглед.
Кармин кој морате да го имате во вашиот несесер оваа пролет >>
Усни (15 секунди)
Најдобра опција за речиси секоја прилика е розовиот сјај за усни. Оваа дискретна боја ќе ги направи вашите усни да делуваат свежо и ќе ја истакне шминката на вашите очи.
Тело (30 секунди)
Ставете парфимиран и светкав лосион за тело на оние делови кои сакате да ги откриете. Тоа се обично рацете, нозете, рамената и деколтето. Ова е брз начин да ја направите вашата кожа мека, светкава и миризлива.
Три работи кои треба да ги знаете за пудрите наменети за сува кожа >>
Па, со среќа!