Реклама
MAMAКафе муабет

Освен како засладувач, шеќерот има примена и во домаќинството, а овие примери ќе ве изненадат

Реклама

Освен во храна и засладување пијалаци, шеќерот има широка примена во домаќинството, а овие примери ќе ве изненадат.

ФОТО: pixabay.com

Шеќерот може да го додадете во вазна, за цвеќето да остане свежо што подолго време. Едноставно ставете една лажичка шеќер во водата. Исто така може да се користи како и солта, за впивање влага но и непријатни мириси. Може да го ставите во пластични садови и да го затворите, со цел да ги извлечете мирисите на заостанатата храна.

Не сакате меки бисквити? Ставете во кутија неколку коцкички шеќер заедно со бисквитите, па вкусот ќе им биде како штотуку да излегле од рерна!

Маркетинг

Промешајте шеќер со топла вода додека не добиете смеса која личи на паста. Потоа истата можете да ја користите во борба против дамките на облеката. Едноставно ставете ја на дамката, оставете ја да стои околу еден час, па потоа исперете како и вообучаено. Освен тоа, шеќерот отстранува и дамки од рацете. Потребно е да го промешате со течен сапун за да ви делува.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button