Новости

Шехерезад изгледа подобро од кога било на својот 43-ти роденден – трендовска торта и декорации лесни за да ги ископирате (Фото)

Инспирирајте се од прекрасните декорации.

Advertisement

Турската актерка Бергузар Корел, која публиката на Балканот најмногу ја памети по улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, го прослави својот 43-ти роденден во друштво на сопругот актер Халит Ергенч и блиските пријатели.

инстаграм принтскрин

Како и секоја година, прославата се одржа во нејзиниот омилен ресторан, а атмосферата беше во летен дух – со декорација во жолти тонови, лимони и мотиви со лимон што веднаш асоцираа на лето и Италија. Но и лесни се да ги ископирате и да ги внесете во вашиот амбиент за роденден на некој од најблиските (секако и за вашиот).

Advertisement

Бергузар изгледаше неодоливо во летно фустанче со цветен пастелен дезен, освојувајќи внимание со својот свеж изглед и природна харизма.

инстаграм принтскрин

Кога дојде моментот да ги дувне свеќичките, актерката си замисли желба, а првиот што ја поздрави беше токму Халит Ергенч. Со јавен бакнеж пред сите гости, парот додаде доза романтика на вечерта.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by Sanemia (@sanemia)

По емотивниот дел, роденденот се претвори во вистинска забава – танцување до доцна во ноќта, насмевки и позитивна енергија.

Најпосебниот миг сепак беше кога Бергузар го зеде микрофонот и му запеа неколку песни посветени на сопругот, гледајќи го право во очи. Публиката уживаше во емотивната изведба, а Халит гордо ја гледаше својата сакана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button