Од магичното Вевчани потекнува познатиот гастроном и љубител на кулинарството, Бранко Попоски, познат по инстаграм-страницата „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Шеф Бранко денес ни носи рецепт за ПРАЗНИЧНО ЛЕПЧЕ СО ДОМАТЕН СОС И СИРЕЊЕ.
Состојки
7 г сув активен квасец
1 лажица шеќер
250 мл топло млеко
550 г обично брашно
1 лажичка ситна морска сол
3 јајца
100 г несолен путер, омекнат
50 г рендан пармезан
доматен дос
листови од магдонос и чери за декорација
Начин на подготовка
Во сад, додадете шеќер, квасец и млеко и измешајте да се соединат. Оставете го настрана 15 минути или додека смесата не стане пенеста.
Во садот на миксер со кука за тесто, додадете брашно, сол и 2 јајца, заедно со смесата од млеко. Мешајте на ниска брзина една минута за да се соединат, а потоа уште 10 минути на средна брзина додека тестото не стане мазно. Додавајте го путерот парче по парче, добро мешајќи по секое додавање. Откако целиот путер ќе се додаде, месете уште 5 минути на средна брзина.
Лесно намастете голем чист сад, обликувајте го тестото во топка и ставете го во садот. Покријте го садот со чиста крпа и оставете го да се крева додека не се удвои, околу 1 час.
Загрејте ја рерната на 200°C (180°C со вентилатор).
На површина со малку брашно, развлечете го тестото во правоаголник од 60×30 см. Нанесете го доматниот сос врз тестото, додадете брашно. Наросете го сирењето врз сосот.
Цврсто завиткајте го тестото од една од подолгите страни, за да добиете еден ролат. Со остар нож, пресечете го ролатот по должина на половина. Завртете ги половинките така што исечените страни да бидат свртени нагоре и поставете го во садот за печење.
Тестото премачкајте го со малку масло пред печење.
Откако ќе се испече украсете го лепчето со чери домати и магдонос.
На здравје!