Шаини: Да беше жена ми со која имам две деца таа што сакаше да ме убие, нема никогаш да живеев со неа

Три дена откако го погодија со три куршуми, докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини ги отфрли тврдењата дека зад обидот за убиство стои неговата жена.
„Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили. Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моете семејство како и создавање збунетност и заблуда во јавноста, изјави Шаини.
Тој исто така побара истражните органи да го откријат вистинскиот осмоничен за инцидентот, а случајот да не го преставуват како сеемен спор, бидејќи ако би било така како што беше претставен, Шаини вели дека никогаш не би живеел со својата сопруга со која има две деца.
„Овој случај, за жал, се претставува со јасни намери да ме дискредитира мене и моето семејство и да создаде конфузија во јавнотоста. Ги молам органите за спроведување на законот и истражните органи да се справат со откривањето на вистинскиот осомничен во случајот и да не го претставуваат овој случај како спор или семеен спор, бидејќи ако беше така како што беше претставен на пошироката јавност, тогаш никогаш немаше да живеам со дотичната дама. Фала му на Бога, госпоѓата и моите две ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчани“,рече Шахини.