Кафе муабет

Сфатив дека си вистинската дури откако замина

Advertisement

Се сеќавам кога се запознавме. 

 1 zamina

Advertisement

Веднаш во тебе препознав нешто што знаев дека ќе ми го промени животот.

Се сеќавам кога се запознавме. Веднаш во тебе препознав нешто што знаев дека ќе ми го промени животот. Имаше неверојатна харизма и енергија. Ме привлече и станавме пријатели. Излеговме на состанок. Вечеравме, се смеевме и разговаравме. Се чувствував прекрасно. Јадевме сладолед и разговаравме до доцните часови. Секој ден, секоја авантура и секој нов момент беше како сон. Но најтешкиот дел од соништата е кога ќе се разбудиш. Ти имаше момче, но и откако раскина со него, иако бевме блиску, зборовите не излегуваа од нашите усни.

Ти сакаше вистинска и стабилна љубовна врска, а јас се плашев. Иако постојано ме правеше среќен, не направив ништо. Не бев способен. Не си дозволував да се заљубам, зашто веќе премногу пати бев повреден. Чекав и гледав, надевајќи се дека мојата душа ќе се охрабри, но сепак те гледав како излегуваш со друг. Некој кој умееше да ти пружи безусловна љубов. Некој кој до тебе беше и во добри и во лоши времиња. Некој на кој не му беше грижа за статусот и егото. Најде друг. Најде некој подобар. Иако понекогаш работите не завршуваат како што сакаме, не можам да го отстранам чувството дека дозволив да си замине нешто толку големо. Сакам да бидам среќен поради тебе и твојата врска, но тажен сум поради себе.

Advertisement

Тажен сум што не бев храбар да одберам љубов. Тажен сум затоа што те одбрав дури откако си замина. Засекогаш ќе останам анонимен и полн со неискажани чувства.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button