Наши ѕвезди

Катастрофа – фановите згрозени од ова необично издание на Северина

Advertisement

Познатата пејачка во последно време сака да експериментира и да плови во непроверени води кога се во прашање модните комбинации.

Advertisement

Имено Северина која е позната и како една од најдобрите модни икони во регионот во последно време сака да изгледа како познатите светски модни блогерки. Тоа можеме да го забележиме од нејзините комбинации што ги објавува на социјалните мрежи, а на кои од далеку се гледа дека нејзиниот стил е поприлично променет. Па така овој пат нејзиното кежуал издание се состои од необичен волнен фустан со должина до под колена кој изгледа како да го добила на поклон од некоја стара вдовица, и истиот го зачини со ремен позајмен од плакарот на Дедо Мраз. Целата комбинација ја заокружи со шарена бунда (единственото парче заедно со очилата за сонце кои ни се допаѓаат во ова нејзино издание), а на нозете облече сребрени чизми кои се во футуристички фазон и кои дефинитивно НЕ одговараат со овој фустан.

https://www.instagram.com/p/BfyCUtMg-cX/?taken-by=severina

Што мислите вие?

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button