Нема жена што не би сакала да ја има оваа чанта во својот плакар
Ако подобро ги погледнете комбинациите што познатата хрватска пејачка ги „фура“ во последно време ќе забележите дека таа не се одвојува од нејзината чанта. Во прашање е црна кожена „Hermès Birkin“ чанта која очигледно и е една од омилените на Северина. А и како не би била кога и најевтиниот модел на чанти од овој бренд чини околу 5000 долари, а за најпопуларните ќе треба да издвоите и неверојатни 200 илјади долари. Па како и сите останати светски ѕвезди, така и Северина може да се пофали со чанта од овој познат бренд инспирирана од актерката Џејн Биркин.
Имено, популарните „биркин“ чанти настанаа во 1984 година кога во авион случајно ќе се сретнат дизајнерот Жан-Луј Дима и познатата британска пејачка и актерка Џејн Биркин. Откако нејзе, тогаш млада мајка, од чантата ќе и испаднат неколку работи, дизајнерот ќе и порача дека треба да носи чанта со џебови, а Биркин тогаш ќе му каже дека ќе носи штом тој ќе почне да дизајнира вакви чанти. Останатиот дел од приказната на сите ни е познат …
https://www.instagram.com/p/BfBqW2RAheb/?taken-by=severina
Северина нејзиниот модел го носеше неодамна со комбинезон од Дизел и шарена жолта јакна, додека на нозете носеше чевли од Прада.
Таа ја фураше и во кежуал издание во комбинација со фармерки и кошула со риги, а меѓу најдобрите изданија дефинитивно е она кога ја носеше со црни фармерки, обична бела маица, бели чизми и тренди јакна со крзно на качулката.
Па, дали ви се допаѓа изборот на Северина?