Бројни истражувања покажале дека многу може да се научи од сестрите, особено кога станува збор за решавање проблеми, емпатии, како и сочувство кон други луѓе.
Сестрата е важна за менталното здравје
Ви треба помош? Повикајте ја сестрата. Едно истражување објавено во 2010 година покажало дека сестрите може да го поттикнат вашето ментално здравје, но и да ви ја зголемат самодовербата.
Сестрите ве прават повеќе сочувствителни
Друго истражување пак покажало дека сестрата може да ви помогне да станете пољубезни и со тоа повеќе да дарувате и да пружите помош. Тоа е така затоа што сестрите ја покажуваат својата љубов и наклонетост, па тоа го поттикнуваат и кај вас.
Сестрите се заслужни за многу ваши вештини
Излегува дека сестрата може да ве научи како најлесно да решите кавга, како да бидете поемпатични и да ги негувате другите. Тие ќе ви помогнат да сфатите како треба да се носите со секоја ситуација.
Сестрата ве учи на независност, амбиција, рамнотежа
Личностите кои израснале со најмалку една сестра се поодлучни и понезависни од оние кои израснале само со брат. На овој начин се постигнува и поголем внатрешен мир, а овие личности стануваат и пооптимисти.