Сестрата на Тоше Проески ги расплака фановите со фотографиите од неговиот гроб во Крушево
Тажен ден за Македонија, но и за целиот Балкан

Непребол…
Пред точно 18 години згасна животот на македонскиот ангел Тоше Проески, како што многумина го нарекуваа и додека беше жив.
На денешен ден, пред 18 години, целиот Балкан беше во солзи кога се појави веста дека загинал Тоше Проески (26).
Принтскрин/ Јутуб, Вртелешка
Неговиот живот згасна во сообраќајна несреќа што се случи во Хрватска, а само неколку часови претходно, Тоше го даде своето последно интервју, во телевизиската емисија Вртелешка (види тука).
На овој ден, и 18 години подоцна, најблиските, пријателите и обожавателите традиционално одат на неговиот гроб на овој ден.
Принтскрин/ Јутуб, Вртелешка
Тие палат свеќи и се сеќаваат на неговото дело, како и на неговата позитивна енергија и добрина со која што зрачеше.
Посебно тажна на овој ден е и сестрата на Тоше, Дора, која на својот Инстаграм сподели и фотографии од неговиот гроб.
Инстаграм/ Дора Проеска
Фотографиите ги сподели со песната на Тоше, „Се уште сонувам дека сме заедно“ и со оваа своја објава растажи многумина.
Потсетуваме, Дора во една пригода, во потресна исповед за македонскиот весник Дневник, зборуваше за својот брат.
Инстаграм/ Дора Проеска
И како што неговата сестра изјави тогаш, Тоше како да ја претчувствувал својата смрт, па кога му се јавила неколку месеци пред несреќата, и му кажала колку ќе биде убав неговиот кат во родителскиот дом, пејачот и одговорил таа да се радува на тоа, бидејќи еден ден таа ќе се всели таму. Неговата сестра тогаш не им придавала значење на овие зборови, но подоцна, по несреќата, многу често размислувала за она што Тоше и го кажал тогаш, но и за некои други слични ситуации.
Инстаграм/ Дора Проеска
„Исто така, кога пред неколку месеци дојде во Крушево го чекавме татко ми да дојде на ручек. Бидејќи се задржа, Тоше му се јави и му рече: ‘Дојди побрзо зошто уште малку ќе ме гледаш. Потоа ќе ме бакнуваш само на слика’“, изјави во една пригода сестрата на Тоше.