Сестрата на Стефан Лазаров „нападната“ со лоши коментари на Фејсбук, позната пејачка застана во нејзина одбрана
И ќе рече некој актерите немаат гајле, немаат срам, ништо не ги допира, но не смееме да заборавиме дека и тие се луѓе од крв и месо.
Младата актерка, убавата Марија Лазарова, сестра на најпопуларниот јутјубер Стефан Лазаров е едно релативно ново име на нашата сцена. Марија е актерка којашто досега се појавила и во неколку реклами и спотови.
Нејзината специфична убавина и атрактивност го привлекува вниманието во јавноста.
Марија е позната и како мејкап артист. Уникатна со својата појава, но и работа, оваа млада дама гази гордо кон своите успеси во кариерата.
Лазарова неодмана беше гостинка во поткастот ЗаСе, каде што си ја отвори душата за многу теми. Зборува за тоа како станала актерка, каде студирала, за кабарето „Еуфоорија“, последниот проект кој се уште е во тек, а таа настапува, но и за мноду други важни општествени теми.
Таа зборува и за тоа дека кога и бил најголемиот ек во кариерата како шминкерка и кога заработувала најмногу пари, таа се одлучила да се запише на глума и да се посвети на најголемата желба да стане актерка.
Кусите видеа или рилови со Марија кој се појавија и кружат на социјалните мрежи собра илјадници прегледи, но и лоши коментари. Повторно, нашата некултура и злоба исплива на површина со напади, лоши зборови, критики, навреди…
По бројните коментари се огалси пејачката Ивана Серафимовска, која, ќе потсетиме и е прва братучетка на Марија.
Пејачката застана во одбрана на нејзината роднина. И ги искритикува сите што се дрзнале да пишуваат лошо без да познаваат некого да престанат да го прават тоа.
Ај вака сега! Обично гласно зборувам за многу теми и никогаш не ми било проблем да се носам со својот став, па затоа и сега ќе се произнесам со тоа што БАШ МИ Е ГАЈЛЕ како ќе ме сфатите.Кои сте вие несреќни луѓе, седнати позади телефоните и се осмелувате да навредувате личност која НИШТО ви нема згрешено, со најпогрдни зборови??????Кои сте вие момци, сопрузи, татковци, дедовци кои со зборовите МИВКА, ОР****ЈА, ГЛУПАЧА и слично навредувате девојка со која ниеден збор немате скршено а на профилите ставате крстови, Исус, внуците, жените, мајките, сестрите…..?Кои сте вие исфрустрирани ЖЕНИ ЕЕЕЕЕЈ ЖЕНИ, да навредувате девојка за која поим немате ниту каква е, ниту која е, ниту што постигнала во животот и со сто де бави.Кои сте вие ЈАЗИЧАРИ со милијарда србизми во говорот да распнувате девојка што кажала ВРЛИНА, демек вие строго литературно зборите????Кои сте вие со ментално заостанат склоп да му правите трауми некому само затоа што сте НЕОБРАЗОВАНИ, НЕИСПОЛНЕТИ, НЕСРЕЌНИ И НЕИНФОРМИРАНИ!
ВАКВИ КОМЕНТАРИ ЧИТАВ И ЗА БРАТ МИ, ДУША МЕ БОЛЕШЕ, АМА НА КРАЈ ВИСТИНАТА И ПРАВДАТА СЕКОГАШ ИДПЛИВУВААТ КОЈ Е КОЈ И КОЈ Е ШТО!МАРИЈА е девојка со повеќе таленти и убавина и тоа НИКОЈ од вас не може да и го одземе, најмалку со ПРОСТАЧКИТЕ КОМЕНТАРИ ПОД ВИДЕАТА!
И САМО ДА НАДОПОЛНАМ, МАРИЈА Е МОЈА БРАТУЧЕДКА И СУМ ГОРДА ШТО ВО СЕМЕЈСТВОТО ИМАМЕ ТАЛЕНТИРАНИ, УСПЕШНИ И УБАВИ ЛУЃЕ!ФАЛА И ПРИЈАТНО!
Актерката ѝ се заблагодари на пејачката за поддршката.
И ќе рече некој актерите немаат гајле, немаат срам, ништо не ги допира, но не смееме да заборавиме дека и тие се луѓе од крв и месо.