Сестрата на Фросина се огласи откако родителите на осомничениот Васил изразија сочувство
„Ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија“, напиша сестрата на Фросина, Росица Кулакова, на социјалните мрежи.
![](/wp-content/uploads/2025/02/frosina1-2.jpg)
Младата дизајнерка од Неготино, Фросина Кулакова, почина на лице место откако беше прегазена на пешачки премин во Скопје.
Фросина почина откако на 29 јануари во неа со автомобил удри Васил Јованов (20) кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
Васил управувал со патничко возило „пежо 207“ во сопственост на неговиот татко, Зоран Јованов, и со голема брзина ја прегазил Фросина поминувајќи на црвени светло додека таа се движела по пешачкиот премин заедно со своето кученце.
Маркетинг
Инстаграм/ Фросина Кулакова
По потресната исповед на таткото на настраданата девојка, како и по бројните тажни објави на сите потесни членови на семејството на Фросина, сега за медиумите се огласија и родителите на осомничениот Васил Јованов, таткото Зоран Јованов и мајката Ана Јованова.
Како што објасни таткото, тој сакал да изрази сочувство уште на местото на несреќата, но откако ја проценил ситуацијата, одлучил дека со таков чин само можел да ја влоши ситуацијата и за да не нанесе дополнителна болка на ужаленото семејство, решил да не го направи тоа.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
„Тогаш помислив дека е најдобро за неколку дена, но работите отидоа предалеку и немаше простор за лично сочувство, затоа мораме вака јавно да изразиме сочувство“ изјави со растреперен глас таткото на Васил.
Потоа се огласи и мајката на осомничениот Ана Јованова, која зборуваше со солзи на очите и изрази сочувство до семејството на Фросина.
„Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка. Загубата е ненадоместлива и непрежалива. Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство“, изјави мајката на осомничениот Васил со солзи на очите, додавајќи дека секојдневно се моли на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа голема загуба и смирение да ја прифати.
Гламур
„Немам доволно зборови да ја искажам болката и жалењето за се што се случува. Васил по игра на случајот, е наше единствено дете. Имавме друго кое почина на свои 23 часа живот“ додаде Ана Јованова, мајката на осомничениот Васил кој ја прегази Фросина.
Од друга страна во текот на вчерашниот ден семејството на Фросина испрати апел до медиумите да не го објавуваат видеото кое што на прес-конференцијата требаше да го прикаже адвокатот на обвинетиот.
Станува збор за видео во кое се гледа како Васил вреска над мртвото тело на девојката, кое некои медиуми веќе го објавија.
Инстаграм
Ние како медиум секако дека и без овој апел не би го објавиле ова грозоморно видео, првенствено имајќи ги во предвид чувствата на семејството на Фросина, но и професионалните-етичките стандарди. Станува збор за крајно вознемирувачка содржина и за целокупната јавност, посебно што случајот е сензитивен и предизвика огромна вознемиреност кај сите.
Но затоа во целост ја објавуваме објавата на Фејсбук на сестрата на Фросина, Росица Кулакова, споделена по прес-конференцијата.
Фејсбук/ Росица Кулакова
„Не сте преземале никаква одговорност како родители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија“, пишува сестрата на Фросина која со овие зборови реагираше на прес-конференцијата, а потоа го додаде и следново:
Фејсбук/ Росица Кулакова
„Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции!“, напиша Росица на својот профил на Фејсбук скршена од болка по големата загуба.