Сестрата на Фросина повторно се огласи – скршена од преголема болка, но мораше да реагира на ова
Сестра ми е жртва на системот што постоеше и тој систем нејзе ја уби, вели Росица, сестра на девојката што беше прегазена на Партизанска
Некои луѓе навистина немаат образ…
На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите на граѓаните по трагичниот настан во кој загина младата дизајнерка Фросина Кулакова.
Протести имаше и денес, а многу млади луѓе го изразија незадоволството и излегоа на протест под мотото „Кој е следен?“.
Протестот започна пред Универзална сала, а потоа се упатија кон Собранието и по пат го исвиркаа Министерството за правда.
Инстаграм/ Фросина Кулакова
На протестот беа присутни и членови на семејството на Фросина. Нејзината сестра претходно побара одговорност и од таткото на несовесниот возач што ја уби нејзината 22-годишна сестра, како и од судијката Даниела Алексовска-Стојаноска која во постапка поврзана со дрога на осомничениот му одредила воспитна мерка, наместо да биде во притвор, а потоа и осуден за делото што го сторил.
„Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели“ изјави Росица Кулакова додавајќи дека не бараат правда само за убиецот, туку и од таткото на лицето што ја прегази нејзината сестра.
Инстаграм/ Росица Кулакова
Покрај ова, сестрата на Фросина, Росица Кулакова, денес изрази револт и преку социјалните мрежи и тоа против лица што во овие неподносливо тешки денови за целото семејство го критикуваат нејзиниот татко Тодор Кулаков затоа што тој јавно изрази благодарност до Александар Пандов, директорот на затворската управа.
Еве што напиша таа:
„Бездушни дегенерици!!! Сестра ми е жртва на системот што постоеше и тој систем нејзе ја уби. Татко ми е благодарен затоа што гледаме дека сепак можело да има промени. Јасно е дека на Рикнатиот и таквите како него не им одговараат овие промени! А било кој што ќе се осуди да ја искористи трагичната смрт на сестра ми за политички двобој е коренот на трулиот и корумпиран систем! Промените тек допрва доаѓаат и правда за Фросина ќе има“, напиша Росица на Фејсбук.
Принтскрин
Таа оваа порака ја сподели заедно со коментарот на Јанко Илковски, кој исто така го коментираше критикувањето на нејзиниот татко од страна на одредени корисници на социјалните мрежи.
„Показен пример на шарен дегенерик – некрофил. За ова ви говорев“, пишува Јанко во својата објава на Инстаграм.
А еве ја и објавата што предизвика револт кај сестрата на Фросина, но и кај ,ногу други корисници на социјалните мрежи.
Принтскрин
Потсетуваме, Фросина Кулакова од Неготино беше прегазена додека поминуваше на пешачки премин на булеварот Партизански одреди.
Младата дизајнерка беше прегазена од Васил Јованов (20) од Скопје кој возел пијан, без дозвола и поминал на црвено.
По несреќата на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а покрај протестите во главниот град граѓаните одржаа и мирен собир во Неготино.
Бонус галерија
Секој еден, може да е следен
Во Скопје и денес се одржаа протести, а во првите редови беа мајката, таткото и сестрата на Фросина Кулакова.
Граѓаните и денес палеа свеќи и носеа цвеќиња и ги оставаа пред фотографијата на Фросина која стои во близина на местото каде што се случи страшната несреќа, а потоа го изразија и својот револт и протестираа под мотото: „Секој еден, може да е следен“.
Повеќе фотографии од протестот погледнете тука…