Наши ѕвезди

Сестрата на Душко Чифлиганец објави тажно видео и фотографија од кои и камен би заплакал (видео)

„Вечно ќе Ве паметам и .. фалите на овој свет“

Advertisement

Помина нешто повеќе од три месеци откако во тешка несреќа загина младиот бизнисмен Душко Чифлиганец

Неговите најблиски се скршени од болка, а нивната голема болка не може да се опише со зборови.

Advertisement

Некогаш важни и среќни датуми за целото семејство, сега стануваат тажни без неговото присуство, како и бројни фотографии и снимки од заеднички моменти кои денес предизвикуваат тага.

Таква е и објавата што деновиве ја сподели сестрата на Душко, Драгана, која сподели видео на кое е незиниот брат.

На снимката се гледа Душко како вози автомобил и ја пее песната „Има ли надеж за нас“, која сега буди тажни емоции.

Под објавата на видео се нижат коментари во кои корисниците се трудат со некоја убава и охрабрувачка порака да им дадам барем малку сила на најблиските кои останаа без својот близок.

Покрај оваа објава, Драгана пред неколку недели ги растажи сите и со уште една фотографија на која е нејзиниот брат.

Но покрај неа и нејзиниот брат, на фотографијата се и Владимир Блажев Панчо како и Андреј Ѓорѓиески од ДНК, како и Мирко Петровски, познатиот бодибилдер кој исто така е починат.

Се собраа сите другари… само јас останав да се сеќавам. 💔 Тоше Ве чека ….. Вечно ќе Ве паметам и .. фалите на овој свет …. не требаше вака, пишува под фотографијата објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

Потсетуваме, Душко покрај тоа што беше млад и успешен бизнисмен, беше познат и по својата страст кон спортски мотори и автомобили.

Тој долго време живееше во Дубаи, каде заврши и дел од своето образование, а мотори возиеше од својата младост.

Беше познат и по своите активности како учесник во хуманитарните акции на групацијата во која што работеше, а важеше за исклучително вредно момче, максимално посветено на својата работа.

Тој ќе биде запомнат по неговата реченица „Пред сé, треба да бидеме луѓе“, а неодамна постхумно му беше доделен признанието „Бизнис лидер 2025“. Во тивка атмосфера, публиката тогаш со едноминутен аплауз му оддаде почит на човекот кој иако беше млад, сепак остави неизбришлива трага во градежништвото и општеството.

Посебно емотивен беше и моментот кога од името на семејството Чифлиганец и Адора Бизнис Групацијата, признанието го прими токму д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна претседателка на групацијата.

Во своето емотивно обраќање таа истакна дека Душко живеел надвор од комфорната зона, со неуморна желба да создава и да остави трага во општеството, a доказ за тоа се неговите седум компании кои ги основаше и успешно работеа во четири држави.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button