Ќе се снима серија за Јелена, улогата на yбиенаtа пејачка ја доби фолкерката Милица: Ништо не е онака како што ни изгледа
Во Србија наскоро почнува со снимање на телевизиска серија посветена на yбиената српска пејачка Јелена Марјановиќ со наслов „Пејачка“ во кој главната улога ѝ е доверена на популарната млада фолкерка Милица Павловиќ.
Таа по повод овој проект изјави дека чувствува голема одговорност и дека многу е возбудена по повод ова остварување.
„Искрено, сега кога информацијата за серијата „Пејачка“ стана јавна чувствувам голема еуфорија и возбуда, но станувам и свесна што всушност се случи и каква одговорност имам во наредниот период. Секако, вистински сум поласкана и почестена што навистина неверојатна екипа стои зад реализацијата на оваа серија, на чело со Гага Антонијевиќ кој во мене виде таков актерски потенцијал и ми додели многу тешка и сериозна улога. Нивната доверба и верба во мене е најголемиот мотив да дадам 100 проценти кога овој проект е во прашање. Моите фанови и генерално публиката знае дека јас кога нешто ќе фатам, тогаш сум решена да одам до крај, вели Милица.
Пејачката исто така додаде дека ова не и е прва понуда кога се во прашање филмови и серии, но дека не е од оние кои би прифатиле нешто само за да се фалат.
Сепак, оваа понуда не можеше да ја одбие.
„Во текот на кариерата имав навистина многу понуди кога се во прашање филмови и серии, но не сум некој кој тоа ќе го направи само за да се пофали. Секогаш сериозно размислувам пред да донесам одлука. Ваква понуда и улога не можев да одбијам, прифатив сериозна и тешка задача, но сум подготвена да бидам максимално посветена во наредните неколку месеци, колку што ќе трае снимањето“, вели пејачката.
Милица не сакаше да открива многу детали за проктот, но ја искористи можноста да најави нешто потполно поинакво за публиката на балканските простори.
Исто така пејачката истакна дека кога оваа приказна е во прашање, ништо не е онака како што изгледа.
„Не можам да изнесувам детали за проекто, но може да кажам дека сценариото е возбудливо и полно со неочекувани пресврти. Јас го прочитав во еден здив и оваа серија сигурно ќе биде потполно нова и поинаква за публиката и нешто што досега го немаме видено на овие наши простори. Серијата „Пејачка“ ќе им отвори некои нови видици, зошто ништо не е онака како што изгледа, заклучи Милица.
Пејачката Јелена Марјановиќ е уbиена нa 2. април 2016 години. Нејзиниот убиец досега не е пронајден.
Во серијата, во улога на сопругот на пејачката Зоран Марјановиќ ќе се појави српскиот актер Вук Костиќ.
Серијата „Пејачка“ ќе почне да се снима во Белград на 12 август и снимањето е предвидено да трае до 12 ноември. Креатори и сценаристи на серијата се Наташа Дракулиќ и Предраг Гага Антонијевиќ, додека режисер е Милош Кодемо.
Дека Милица преубаво пее сите знаеме, но нас бескрајно не воодушеви и изненади со својот актерски талент каков што не се среќава често. Не е чудно што и претходно добиваеш понуди за филмски проекти“, изјави Антонијевиќ.