CelebrityНаши ѕвезди

Сергеј Варошлија открива – „Во салонот најдов фотографија од мртва жена со сошиена уста – после тоа сè се распадна!“

Advertisement

Инфлуенсерот Стефан Лазаров и стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија започнаа нов заеднички проект, поткастот „Урок“, кој ќе се емитува секој четврток во 21 часот.

Во првата епизода, Варошлија проговори за своето минато и сподели едно вознемирувачко искуство од неговиот поранешен салон за убавина, случка што, како што вели, му го променила погледот кон „морбидните работи“.

Advertisement

Неговата исповед:

„Да се вратам на мојата приказна како јас почнав да верувам во морбидни работи (се мисли на тоа дека луѓето прават такви работи).

Не верував сè додека не се соочив.

Advertisement

Некаде во 2003 година во салонот во којшто функционирав тогаш, при чистење на салонот… Верче, ќе ја поздравам, она од позади тросед влече нешто и како тутурутка е смотано.

Ми вика: ‘Ти паднала некоја фотографија’.

Ја отворам јас фотографијата А4 формат, а тоа црно-бела фотографија од почината жена.

Мртва, претепана, со избричена глава, ќелава, со отворени очи и со сошиена уста со конец.

Еве, сега не ми е пријатно кога го зборувам тоа.

Не можев да поверувам што гледам пред себе.

Фотографијата беше прехорор и престрашна и јас не можев да се помирам зошто некој би го направил тоа, на кого јас сум му направил нешто лошо, освен тоа што сум успешен.

Се имам откорнато од плачење колку луѓето можат да бидат лоши и завидливи.

Едита не се плашеше од фотографијата, ја стави во автомобил и ја однесе кај оџа.

Се врати со фотографијата утредента назад и ми кажа дека оџата ѝ рекол дека не е наменето кон некаква си личност и дека ова е наменето за некаков си простор.

Фотографијата праќа порака сè да ви умре, да гледате со отворени очи, а да не можете ништо да кажете, затоа устата ѝ е зашиена.

Буквално истото се случи, се распадна целиот салон после две години. Буквално ништо не можевме да направиме.

За фотографијата некои викаа уринирај врз неа, запали ја, го направивме тоа, меѓутоа се случи тоа што се случи.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button