CelebrityНаши ѕвезди

Сергеј Трифуновиќ ќе стане татко на 53 години? – Се појави чудна објава на неговиот профил (Фото)

Advertisement

Скандалозниот српски актер Сергеј Трифуновиќ (53) изненади со најновата објава на Инстаграм – фотографија од ултразвук што наговестува дека тој и неговата сопруга Исидора Мијановиќ (29) наскоро ќе станат родители.

Иако актерот не даде официјален коментар, честитките веднаш почнаа да пристигнуваат од неговите колеги и бројните обожаватели.

Advertisement

Под објавата, една жена дури му напиша дека има идентична фотографија од нејзината бременост, со што уште повеќе се потврдија сомнежите за радосната вест.

 

View this post on Instagram

 

Advertisement

A post shared by Sergej Trifunovic (@sergiotrifunelli)


Во изјава за српските медиуми, Трифуновиќ само кусо се заблагодари за честитките, но додаде дека нема намера јавно да ја коментира приватноста. Сепак, уште пред неколку недели тој се пошегува на социјалните мрежи со фотографија на која Исидора држи бебе, велејќи дека „вежба“ за идната улога на мајка.

Со години важеше за еден од најпосакуваните ергени во регионот, но пролетта 2024 година реши да стапи во брак со младата Исидора. Венчавката беше изненадување за јавноста, а уште поголем шок следуваше десетина дена подоцна, кога актерот ја повика полицијата и ја пријави сопругата за семејно насилство.

По краткиот скандал, парот изгледа успеа да ги надмине недоразбирањата, па во последните месеци живеат мирен семеен живот, далеку од јавните препукувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button