Производ на денот – сенка за очи од SEVENTEEN во жолта боја
Нова сенка за очи од SEVENTEEN во боја на сонцето – дали претпоставувате колку ќе го освежи и разубави вашето лице?
Козметичкиот бренд Seventeen заслужен е за еден новитет кој не смее да остане незабележан. Станува збор за нова техника која дефинитивно ќе ве однесе во центарот на вниманието. Се што треба да направите е најпрво на очниот капак да ставите мат руменило Natural Matte Silky Blusher и да сенчате нагоре (во форма на заграда) опфаќајќи ги слепочниците (прочитај повеќе за оваа техника тука). За убаво обликувани и волуменизирани трепки изберете ја маскарата X Tradionare, додека за природни и убаво обликувани веѓи изберете го моливот за веѓи Longstay Eyebrow Shaper (прочитај ја нашата рецензија за овој производ тука).
Silku Shadow Satin
Потоа со новата сенка за очи Silku Shadow Satin (No. 224) додадете ја впечатливата жолта нијанса на очниот капак и на крај финиширајте со долготрајниот мат кармин Matte Lasting Lipstick во најпопуларната боја за оваа сезона – циклама!
Токму оваа впечатлива сенка и овој кармин од SEVENTEEN од неодамна ги користи и нашата позната бјути блогерка Алек Потер. Таа во еден од нејзините последни видео туторијали ни покажа едноставен начин како да ги користиме овие козметички производи и со нив да направиме совршена шминка.
{youtube}2r2PPXWey3A{/youtube}