BEAUTYНега и здравје

Семки од тиква – лек за кој малкумина знаат

Advertisement

Сигурно повеќето од вас обожаваат покрај себе да ги имаат овие слатки грицкалки. Но, дали знаевте дека семките од тиква може да бидат доста корисни за вашето здравје, особено кај мажите? Тие се добар извор на магнезиум, манган, фосфор, бакар и железо.

Advertisement

Околу 60 грама семки од тиква содржат скоро половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, што учествува во широкиот спектар на витално важните физиолошки функции, вклучувајќи ги создавањето на ATP (аденозин трифосфор, енергетски молекули), синтезата на РНК и ДНК, работата на срцето, за коските и забите, ги релаксираат крвните садови и осигуруваат правилна работа на цревата. Семките од тиква се богат извор на цинк, што е важно за имунитетот, растот и делбата на клетките, сонот, расположението, сетилото за вкус и мирис, здравјето на очите и кожата, регулација на лачењето на инулин и за машката сексуална функција. Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина која е доста значајна за здравјето.

Семките од тиква покажуваат антивоспалителни дејства, но и антимикробни (особено антибактериски и антивирусни). Семките од тиква како лек, исто така, може да се користат и за чистење на организмот од глисти и паразити. Бидејќи оксидативниот стрес игра улога во развојот на некои видови рак, а семките од тиква се единствени кои во својот состав имаат антиоксидансни хранливи материи, не е изненадувачки фактот дека постојат некои докази за тоа дека го намалуваат ризикот од рак со нивно редовно консумирање.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button