Реклама
MAMAКафе муабет

За семејството СЕКОГАШ треба да најдете време, тоа е највредното нешто во вашиот живот

Реклама

Живееме во турбулентно време кога на сите ни недостига време за нешто. Брзаме за на работа, брзаме да ги однесеме децата во градинка и школо, брзаме да пазаруваме… брзаме и само брзаме. На крајот од денот изморени легнуваме в кревет и сфаќаме дека денот ни поминал во брзање, а ние не сме ги прегрнале нашите најмили.

ФОТО: royalairmaroc.com

Немаме време да им се јавиме на блиските, да им честитаме роденден или празник, да ги прашаме како се, да ги поканиме на гости, да им се најавиме на гости. Немаме време да се видиме со партнерот, едвај наоѓаме време да си разменеме повик, од навика или од потреба.

Но, што побргу сфатиме дека времето на овој свет ни е ограничено, толку побрзо ќе се обидеме да излеземе од бездната во која се’ повеќе запаѓаме. Оставете една обврска за утре, нешто мора да чека, но не дозволувајте да ве чека СЕМЕЈСТВОТО.

Маркетинг

Оние кои ви даваат смисла за живот и оние кои никогаш не ве напуштаат, тие треба секогаш да бидат на вашата приоритетна листа. Семејството е највредното нешто кое не треба да го занемарите. Ако имате семејство, имате се’. Ако немате семејство, немате ништо. Во вториов случај залудни ви се сите пари на светот и сите други материјални добра.

Затоа, отворете ги добро вашите очи и запрашајте се – кои ви се приоритетите во животот?

Маркетинг

Откако ќе си го дадете одговорот, нема да скокнете ниту ден а да не им се јавите на вашите сакани, оние кои го прават вашиот свет поубав!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button