Семејство си однесе ручек на плажа, отидоа да се искапат – а ги пречека кошмар!
Снимка од украинска плажа го обиколи интернетот и предизвика бројни реакции.

Интернетот е преплавен со снимка направена на една украинска плажа, каде што семејство што уживало во ден покрај морето доживеало неочекувана и непријатна ситуација по враќањето од капење.
Имено, украинското семејство минатиот викенд го поминувало денот на локална плажа и решило да понесе храна со себе, што на крајот се покажало како страшна идеја. Откако излегле од вода, ги дочекало непријатно изненадување – нивната торба со храна била целосно покриена со стотици пчели.
Според видеото што го снимила Ана Марчак, матицата се завлекла во еден од ранците, а цел рој пчели ја следеле и „навалиле“ на ранецот. Страшниот рој пчели ги растерал сите капачи во околината.
@annamarchak Advertisement
Меѓу капачите кои во паника бегале се нашол и еден маж кој, и покрај големиот број пчели, не покажал страв. Облечен само во костим за капење и со картонска кутија во рацете, храбро се приближил до ранецот и без двоумење го подигнал – заедно со стотиците пчели што се наоѓале на него.
Украинскиот портал 24Travel објави дека во овој необичен инцидент, за среќа, никој не бил повреден.