CelebrityНаши ѕвезди

Семејна радост кај Билјана Дебарлиева – Ќерката Ана се омажи, а фотографиите открија уште една прекрасна вест

Advertisement

Во кругот на семејството и најблиските пријатели, Ана, ќерката на познатата ТВ-презентерка Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован Дебарлиев, стапи во брак со својот избраник Стефан Бошковски.

Гордиот татко Јован ја сподели радоста на социјалните мрежи со емотивна порака: „Си добив уште еден син“, алудирајќи на тоа дека семејството се збогатило со нов член.

Advertisement

На објавените фотографии се гледа дека младоженците прославиле со весела и топла атмосфера, опкружени со луѓето што им значат најмногу.

Билјана Дебарлиева, како и секогаш, блескаше во елегантна комбинација – широки панталони и палто во ист тон, што софистицирано го нагласи нејзиниот стил. Невестата Ана се одлучи за тесен бел фустан, едноставен, но исклучително отмен избор.

Покрај венчавката, фотографиите откриваат и уште една радосна тајна – младите сопружници, според се́ изгледа, очекуваат принова. Со тоа, Билјана и Јован наскоро ќе се соочат со една од најубавите животни улоги – баба и дедо.

Фото: Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button