Рецепти

Селски старински рецепт за највкусниот ајвар – кајмак не му е рамен!

Подготовката трае два дена, но резултатот вреди за секое залче!

Advertisement

Септември е традиционалниот месец за приготвување зимница, а ниту една трпеза не може да се замисли без домашен ајвар.

Со вистински избор на пиперки и малку трпение, ќе добиете деликатес чиј вкус не може да се спореди со индустриските верзии.

Advertisement

Основни информации

Време на подготовка: 2-3 часа (во зависност од количината и методот)

Вкупно време: 2 дена

Advertisement

Количина: околу 10 кг ајвар приближно 100 порции (100 г по порција)

Калории: 120-150 kcal на 100 г

Состојки

10 кг црвени слатки пиперки

3 големи модри патлиџани

5 дл масло

сол по вкус

1 лажица шеќер

Начин на подготовка

1. Миење и печење на пиперките
Измијте ги пиперките темелно. Печете ги на традиционална печка за печење или во рерна.

2. Омекнување и лупење
Веднаш по печењето, ставете ги во најлонска кеса за да омекне лушпата. Оладени, излупете ги и отстранете ги семките и дршките.

3. Цедење преку ноќ
Исчистените пиперки ставете ги во мрежеста вреќа (како за компири), закачете ги на отворено место и оставете ги да се исцедат преку ноќ.

4. Мелење
Следниот ден, сомелете ги пиперките во машина за месо. Истото направете го и со модрите патлиџани.

5. Варење
Смесата ставете ја во големо тенџере и варете ја на тивок оган. На секои 20 минути додавајте по 1 дл масло, мешајќи редовно за да не загори.

6. Зачинување
Во последните 20 минути додадете шеќер и сол по вкус. Ајварот е готов кога при мешање се гледа дното на тенџерето.

принтскрин јутјуб

Стерилизација и полнење во тегли

Подгответе тегли – измијте ги и загрејте ги во рерна на 50 степени.

Врелиот ајвар сипете го веднаш во топлите тегли.

Во секоја тегла додадете по една мала лажичка масло.

Затворете со стерилизирани капаци.

Вратете ги теглите во рерна на 50 степени уште еден час.

Исклучете ја рерната и оставете ги да се оладат природно, но претходно превртете ги со капакот надолу.

Чувајте ги на ладно и суво место, односно покриени со крпа или ќебе преку ноќ, а потоа пренесете ги во шпаизот.

принтскрин јутјуб

Зошто вреди трудот?

Иако процесот трае два дена, домашниот ајвар има уникатна арома и вкус што не може да се спореди со купечкиот. Тој е совршен со свежо печен леб, сирење, разни печени меса или како дел од секојдневните јадења.

Во секоја тегла се крие духот на есента, мирисот на селото, старите семејни собири во кујната и традицијата што се пренесува од генерација на генерација.

Уживајте!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button