Селска кајгана со компир, се топи како путер, а посочна е од пита – само неколку состојки за сластен брз ручек
Заборавениот вкус од детството повторно освојува. Станува збор за селски омлет што ги поврзува генерациите.

Брзо се подготвува, богата е со вкус, а мириса прекрасно. Оваа традиционална кајгана од македонската рурална кујна може да замени пита. Се што ви треба се јајца, компири и сланина.
Доколку барате јадење што ќе ве потсети на времето кога ручекот се правеше со неколку состојки и многу љубов, селската кајгана со компир е вистинскиот избор. Овој омлет, кој со децении се служел во руралните домаќинства не само кај нас, туку и ширум Балканот, е вистинска сластна бомба која не само што ќе ви даде енергија, туку и мајчински ќе ви ја стопли душата.

Потребни состојки:
100 грама сланина
50 грама путер или маргарин
2 компира
шака магдонос
лист од целер (може, но и не мора, иако додава посебен вкус)
8 јајца
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во половина од маста испржете ситно сечкана сланина до крцкавост. Компирите исечете ги на тенки кругови и пржете ги со останатиот путер или маргарин додека добијат златна боја. Потоа додадете ситно сечкан магдонос и лист од целер.
Во меѓувреме, убаво разматете ги јајцата, зачинете со сол и бибер, додадете го прженото компирче и сето тоа брзо промешајте го.
Смесата истурете ја во тавата каде веќе е пржената сланина и пржете додека да добиете мек и дебел омлет.
Омлетот послужете го со кајмак или со свежа салата од домати и краставици.

Јадење што не бара луксуз, туку едноставност и срце – селската кајгана е вкус што никогаш не се заборава!